Post Views: 4
Децата кои имаат пречки во својот развој и на кои им е неопходна помош од стручно лице, дефектолог, а кои учат во ОУ „Христо Узунов“ од новата учебна година ќе имаат кабинетска настава. Ова е една голема придобивка и за децата и за училиштето, вели директорот Тони Симоноски.
Го опремуваме кабинетот за дефектологот кој беше вработен минатата година, а кој и тоа како беше потребен во нашето училиште. Правиме една сосема нова просторија во која дефектологот ќе има посебна настава со дечињата на кои им е потребно тоа, вели Симоновски.
Летниот одмор во ОУ „Христо Узунов“...
Post Views: 1
Томи Стефаноски е победник на 30тиот јубилеен Охридски пливачки маратон. По 17 учества на маратонот, Стефаноски конечно успеа да се закити со ловоров венец и да стане дел од плеадата пливачи кои први ја препливаа 30 километарската патека Климе савин од Св. Наум до Охрид. За Томи ова е последното маратонско пливање бидејќи тој се простува со овој спорт.
„Нема подобар начин да кажам збогум.Темпото не беше многу јако но од Парк наваму се засили, но во главата ми беше дека тоа се последните километри и дадов се од себе и излезе најубаво што може. Тешко е да правиш проштална...
Post Views: 2
Со изведба на фрагменти од повеќе претстави на Македонскиот народен театар, во петок, министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, ќе ја отвори новата театарска зграда на објектот „Стар театар”, кој свечено ќе биде примопредаден на Националната установа Македонски народен театар.
Отворањето на новиот објект ќе биде одбележано со изведба на фрагменти од повеќе претстави на Македонскиот народен театар, со изведба на фрагменти од претставата „Вечната куќа”, по текст на Јордан Плевнеш, со која во септември свечено ќе биде отворена новата театарска сезона,...
Post Views: 6
Вечерва се спушта знамето на фестивалот Охридско лето. После 40 дена исполнети со културни доживувања, концерти, перформанси, драмски премиери, изложби и филмски проекции, завршува 36тото издание на фестивалот. Директорот Оливер Арсовски кажа дека за него ова е прво издание на фестивалот од кога тој е директор и ќе биде големо искуство, но и причина за размислување дали и што треба да се менува за фестивалот да добие една посовремена димензија при тоа не излегувајќи од неговите концептуални рамки.
Мое мислење е дека имавме уште едно успешно издание на Фестивалот Охридско...
Post Views: 15
Децата се неми сведоци на секојдневните случувања. Тие сеуште молчат и го трпат семејното насилство. Оваа констатација не само што е евидентна на државно ниво, евидентна е и во општина Охрид. Стручните тимови на Центарот за Социјални Работи, активно работат и се насочени кон сузбивање на оваа појава. Од таму велат дека семејното насилство денес, иако е препознатливо, сеуште се крие под пазувите на семејствата. Тоа најповеќе негативно влијае кај децата, вели Снежана Толеска Митаноска, психолог во ЦСР. Таа вели дека минатата година евидентирале 36 случаи на семејно...
Post Views: 3
Со концертот на песни од театарски претстави на Македонскиот народен театар од 2003та до 2013та година насловена како „На светов убавина“, завршува театарската програма и годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“.
Ако театарската музика е некогаш како звучна сценографија, а друг пат невидлив звучен партнер на актерот, тогаш песната во една театарска претстава не е ништо помалку од монолог на отворена сцена. Последната фестивалска вечер на 56-то издание на фестивалот „Охридско лето“ завршува со концертот на песни од театарски претстави од 2003та до 2013та година...
Post Views: 4
Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 1 јануари 2022 година (сабота), Нова Година е неработен ден за сите граѓани.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните им ја честита Новата Година.
Post Views: 10
Последните податоци за наплатата на туристичката такса со кои располага секторот за ТЛЕР заклучно со месец јуни покажува не само пораст на наплатата на туристичката такса туку и зголемување на бројот на туристи како и на бројот на ноќевања во Охрид. Мерката за субвенционирање на оние станоиздавачи кои редовно ја плаќаат туристичката такса а која беше имплементирана пред две години се покажа како оправдана. Меѓутоа сеуште потребно е да се воведе ред кај наплатата на оваа давачка кај приватните станоиздавачи, велат од ТЛЕР.
„Наплатата на туристичката такса кај приватните...
Post Views: 3
Со роденденска торта што свечено ја пресече министерката за култура на Република Северна Македонија, Ирена Стефоска, НУ „Охридско лето“ денеска го одбележа 61-от роденден.
Директорката на фестивалот „Охридско лето“ Наташа Поповиќ на денешната прес-конференција рече дека богатата историја на фестивалот е доказ за влогот на многу генерации и нивните напори да се исткае успешната приказна на врвната културна сцена.
„Секоја година 40- те фестивалски денови се празник на уметноста. „Охридско лето“ носи околу 1000 уметници, актери, театарски работници, солисти, хористи,...
Post Views: 9
Прво издание на манифестацијата „Ohrid craft expo“. Викендов, на плоштадот „Крушевска Република“ занатечиите од градов имаат можност да ги изложат и на потрошувачите им ги понудат своите уникатни ракотворби. Станува збор за манифетација која има за цел да поттикне континуирана кампања за промоција на занаетчиството како фактор за економски развој и зачувување на традицијата и културата. Учесниците на првото издание на Охрид Craft Expo задоволни од интересот, бидејќи на овој начин традиционалното занаетчиство, станува дел од алтернативните форми на туризмот, додека промоцијата...
Post Views: 4
Се зголемуваат можностите за подобра туристичка соработка помеѓу Охрид и Воден и зголемување на бројот на гости кои ќе ги посетуваат двата града кои се карактеристични по природните убавини и водни ресурси. Овие две општини со заедничкиот проект WaterNet пред една година добија средства од програмата за трансгранична соработка на ИПА фондовите. Денес, на ФТУ Охрид се одржа прекугранична изложба на која учествуваа сите партнери, Општина Охрид, Општина Воден, ФТУ и факултетот Аристотелис од Солун.На оваа изложба, покрај трудовите кои се презентираа, се презентира и...
Post Views: 3
Цената на барел нафта на берзата во Лондон на крајот од неделата е на највисоко ниво во 2015 година, поттикната со загриженоста во врска со снабдувањето од Блискиот исток по најновите воздушни напади во Јемен.
На берзата во Лондон цената на барел нафта порасна за 60 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 65,45 долари, додека на американските берзи барел нафта се тргуваше за 10 центи пониска цена во однос на Лондон, која изнесува 57,64 долари.
Послабиот долар и силниот пораст на стопанството во Европа и Азија исто така ја поттикнаа цената на нафтата, кој...