Зачуван дел од македонското непроценливо богатство

Post Views: 0 Збирка од 58 примероци од семиња од стари автохтони сорти земјоделски култури и од ретки диви растителни видови со потекло од регионот на Белчишко Блато предадена на Факултетот за земјоделски науки и храна, Скопје. Семињата биле собирани во текот на 2020 и 2021 г. од страна на Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016“ од Охрид во соработка со експертот за ботаника проф. д-р Сузана Јордановска. Проектниот тим составен од Ѓоко Зороски и Гоце Колевски склучи договор со факултетот за земјоделски науки за чување на семето во соодветни услови за долгорочна конзервација. При...

Continue reading

Паушално се обвинува за „геноцид“ на децата што ќе се вакцинираат и тоа со состојка која во Фајзеровата вакцина ја нема!

Post Views: 9 Во постот што го рецензираме, изнесено е скандалозно тврдење дека вакцинацијата на децата против ковид-19 претставува „планирано убиство на децата во Македонија“.     Најавија над 1000 родители кои би ги пријавиле и своите деца?! Графен оксидот е главната причина за смртноста, како главна состојка на Фајзер и Астра Зенека, што сакаат да ја дадат на нашите деца по директива на Калето, а главни промотори Филипче и други лекари, заедно со медиумите кои лаат 24/7. Ова е директива за убиство на нашите деца! Геноцид!, се тврди во постот. Меѓутоа, во земјава е најавено дека...

Continue reading

Грчкиoт пилот кој ја уби сопругата пред својата ќерка пристигна во судот под силно обезбедување

Post Views: 2 Пилотот и инструктор на хеликоптери, Анагностопулос пристигна денеска во атинскиот суд со панцир и под силно полициско обезбедување, пренесува АП. Тој е обвинет за убиство со умисла на неговата сопруга Каролин Крауч (20), британска државјанка која почина како резултат на задушување на 11 мај во куќа во предградието на Атина каде живееше двојката. За време на истрагата, Анагностопулос најпрво рекол на полицијата дека провалници упаднале во неговата куќа и го онеспособиле него и ја убиле Каролина, додека нивната едногодишна ќерка спиела, а тој исто така рекол дека го...

Continue reading

Од денеска почна дисперзија на онколошката терапија за пациентите со малигни болести

Post Views: 7 Од денеска почна дисперзија на терапијата за дел од пациентите со малигни болести од другите градови и населени места од државата. Пациентите со одредени онколошки заболувања веќе нема да патуваат во Скопје на Клиниката за онкологија и радиотерапија и својата редовна доза терапија ќе може да ја примат во најблискиот регионален онколошки центар. Распределбата на онколошката терапија, таа што може да се прима во регионалните центри каде што има услови за тоа, се прави со цел да се заштитат овие пациенти и да не се изложуваат на дополнителен ризик. Дисперзијата и пренасочувањето...

Continue reading

Рестрикција на вода во Струга

Post Views: 5 Стружани повторно се соочуваат со проблем околу водоснабдувањето во градот. Тие посочија дека речиси една недела или нема вода или притисокот е слаб. Жителите велат проблемот со водоснабдувањето трае со години и лето и зима како и тоа дека секојдневно бараат од струшката локална самоуправа да изнајде решение, но од таму добивале само празни ветувања. Јонче Докоски, градежен инженер од МЈП „Проаква“ Р.Е. Водовод Струга, вели дека постои проблем, но тоа не е од човек фактор туку од временските услови. Тој кажа дека намалена била издашноста на изворите од кои градот се...

Continue reading

УХМР предупредува за нивото на Охридското езеро

Post Views: 0 Од УХМР со предупредување за нивото на Охридското Езеро. Во изминатиов период водостојот на Охридското езеро бележи доста низок водостој, така што постојано се доближуваше до минимално дозволената кота од 693,10 метри надморска висина. Според денешните мерења нивото на Охридското езеро се наоѓа на дозволениот минимум. Од УХМР предупредуваат дека доколку продолжи трендот на намалување на водостојот, ќе биде нарушено нормалното функционирање на целиот биодирезитет во него. Алармираат на потребата од внимателно следење на состојбата со Охридското Езеро во наредниот пе...

Continue reading

Камуфлиран сарказам може да ги одврати луѓето од вакцините против ковид

Post Views: 9 Хуморот и сатирата се форми на комуникација кои спаѓаат во општо-човечкото универзално право на слобода на говор. Сепак, прикриениот сарказам и претставен како сатира, кој не секогаш се разбира како таков, туку се сфаќа како порака дека се прави нешто незаконски и лошо (во случајот теренска вакцинација против ковид), не е ништо друго туку антиваксерски пост насочен против јавното здравје.   Објава на Фејсбук која се однесува на дел од процесот на вакцинација против ковид-19 може да биде опасна по јавното здравје, затоа што, иако е напишана на специфичен јазик, содржи...

Continue reading

Американската морнарица активираше бомба во океан

Post Views: 24 Експлозијата која ја изведе американската морнарица, била толку силна што предизвикала земјотрес.  Тие објавија снимка на која се покажува моментот во кој беше активирана бомбата од 18 илјади килограми, блиску од крајбрежјето на Флорида. Оваа експлозија во океанот, била еден од тестовите за можностите во воените околности, а бродот на американската морнарица се наоѓал блиску до местото на експлозијата. Намерата била да се провери колку се издржливи бродовите, кога би се соочиле со вакви напади.

Continue reading

24 ЧАСОВНИОТ БИЛАНС ОД COVID-19, 38 ОЗДРАВЕНИ И ДВА СМРТНИ СЛУЧАИ, 21 НОВОРЕГИСТРИРАН

Post Views: 2 Институтот за јавно здравје, денеска регистрира 38 оздравени пациенти во: – Скопје 19 – Тетово 3 – Струга 9 – Битола 4 – Гостивар 3 Во изминатите 24 часа направени се 279 тестирања, а потврден е 21 нов случај на коронавирус и тоа во: Скопје – 7, Куманово -6, Прилеп-4, Тетово-1, Пехчево-1, Делчево -1, Струга-1. Со ова, вкупната бројка на КОВИД-19 дијагностицирани во нашата земја изнесува 1442, бројката на оздравени пациенти е 627, на починати е 73, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742. На Клиниката за инфективни...

Continue reading

100 милиони евра од ИПА компонентата за прекугранична соработка

Post Views: 6 Европската Унија за Македонија и Албанија остави на располагање 100 милиони евра од ИПА компонентата за прекугранична соработка. Во Струга денес се одржа Петтиот форум за регионална прекугранична соработка. Министерот за Локална самоуправа Сухејл Фазлиу истакна дека оваа прилика е добра можност за размена на искуства со другите корисници на ИПА компонентата за прекугранична соработка, со што би се подобрил капацитетот и во ресорното министерство, но и во државата како повеќе да се искористат ИПА фондовите од ЕУ. „Очекуваме дека ќе има добри проекти, соработката е одлична...

Continue reading

МИСИЈАТА И ВИЗИЈАТА НА ЦРВЕН КРСТ ПРЕЗЕНТИРАНИ ПРЕД ОПШТИНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

Post Views: 3 Дел од вработените во општинската администрација денес присуствуваа на Сесија за дисеминација што ја организира Црвениот Крст од Охрид со поддршка на Меѓународниот Комитет на организацијата. Учесниците на настанот се запознаа со историјата на Меѓународното движење на Црвениот крст, основните принципи на работа, мандатот и активностите на компонентите на Движењето и активностите на Црвен крст Охрид. Целта на настанот е јакнење на програмата за дисеминација и мобилизирање на заедницата за проширување на капацитетите на волонтерската мрежа на ЦК. Денешната сесија е дел...

Continue reading

Теоретичарите на заговор препорачуваат опасен лек – не го употребувајте!

Post Views: 8 Еден профил на Фејсбук полн со опасни конспиративни теории, на граѓаните им препорачува  лек кој е опасен по здравјето. Според авторот кој стои зад профилот, лекот би требало да ги излекува луѓето од наводните негативни ефекти на вакцината против Ковид-19. Околу ова прашање Вистиномер разговараше со лекарот  Aдурим Фазлиу кој е категорично против употребата на овој лек, при што рече дека неговите ефекти можат да бидат многу сериозни по здравјето. Фазлиу, како и сите научници, секојдневно апелира за масовна вакцинација, ако единствен  „лек” против Ковид-19, пишува Порталб.мк....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top