Охриѓани не знаат да штедат вода признаваат граѓаните

Водата има посебно место во животот на планетата Земја. Таа значи живот и овозможува развој и создавање на нов.

 |  Валентина Нелоска  | 
ezero
езеро

Водата има посебно место во животот на планетата Земја. Таа значи живот и овозможува развој и создавање на нов.

Охриѓани не се рационални во користењето на водата, признаваат граѓаните.

На локално ниво , МЈП „Проаква“ , работна единица Водовод, неколку години наназад ја подига јавната свест за значењето на водата. Годинава, најмладите им се целна група и светскиот ден на водата ќе го одбележат со ликовен конкурс на учениците од сите основни, охридски училишта вели Светлана Велјаноска МЈП „Проаква“.

ezeroДржавата, исто така се вклучува во се поголема заштита на водата. Се превземаат се повеќе законски активности како таа да се заштити. Донесен е закон за вода со кој таа се третира како природен ресурс и богатство. Министерството за животна средина и просторно планирање даваат се повеќе насоки како да се управува со неа. Дејан Паноски, секретар на Дирекцијата за управување со води, вели се инвестира во пречистителни станици и се осигурува поголем процент на пречистена, обработена вода, и се прават напори да се заштитат површинските води и Охридското езеро. Во тој домен голема улога ќе одигра законот за води и новиот проект за управуавње со реката Дрим, додава Паноски.

Светскиот ден на водат е ден кога треба да се потсетиме на основното значење на водата . Годинава мото на меѓународниот ден е „Водата без граници го поврзува светот“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top