Актуелните ВД директори на МЈП Проаква и ЈП Комуналец размислуваат дали да се пријават.
ВД директорите на МЈП Проаква и ЈП Комуналец до понеделник ќе ја држат охридската јавност во неизвесност. Не откриваат дали ќе се пријават или не на веќе објавените конкурси за избор на директор на трите јавни претпријатија, вклучувајќи го и ЈП за стопанисување со спортски објекти Билјанини извори.
„Станува збор за многу одговорна функција и затоа треба добро да се размисли“ , вели Боро Павлоски, ВД директорот на ЈП Комуналец.
Дали ќе се пријави на конкурсот за избор на директор не открива ниту актуелниот прв човек на МЈП Проаква, Бранко Трпчески. Со оглед на тоа што во моментов е член на советот на општина Охрид, директорската функција во Проаква би значела и откажување од учеството во советот поради судир на интереси.
Конкурсите за избор на директори на трите јавни претпријатија во Охрид се во тек. Објавени беа на 18 април и ќе траат заклучно 27 овој месец.
Во охридската јавност веќе се шират одредени гласини. Според нив, за директор на ЈП за стопанисување со спортски објекти „ Билјанини извори“ во план е да биде поставен човек од редовите на ВМРО- Народна партија. Додека пак за прв човек на ЈП Комуналец се спомнува името на Никола Рилкоски, своевремено директор на охрискиот аеродром и долгогодишен член на СДСМ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град