Нов фестивал во Охрид – „Охридски бисери“

„Охридски бисери“, нов фестивал во Охрид. Станува збор за фестивал на кој настапуваат хорови и фолклорни групи од Европските земји. Целта за организација на еден ваков фестивал е да се развива  фестивалскиот туризам, велат организаторите.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Над 400 учесници се дел од фестивалот „Охридски бисери“, кој годинава за прв пат од 18 – 22 јуни се одржува во Охрид. Организатор е  Младинскиот културен центар од Охрид. Како што изјави претседателот на ова здружение Зоран Стрезоски, гостите на овој фестивал се од Европските земји, Чешка, Унгарија, Хрватска, литванија, Словенија, Русија, Турција.

„Синоќа имавме отварање на прекрасната сцена на Долни Сарај, каде што во првиот дел настапија хоровите, а во вториот дел, фоклорните групи. На фестивалската вечер направивме еден извонреден перформанс со наша македонска фолклорна група, каде што на песната македонско девојче заиграа сите странци“ – вели Стрезоски.

Карактерот на фестивалот не е натпреварувачки, групите доаѓаат да се претстават, да исполнат одредени музички нумери, а имаат можност да се запознаат со убавините и културата на нашиот град, нагласува Стрезоски.

„Преку фестивалите, навистина може голем број на туристи да дојдат во Охрид, да ги посетат овие културни знаменитости и убавините што ги нуди Охрид, така да фестивалскиот туризам е навистина е еден од елементите кои можат да допринесат за развојот на туризмот во Охрид“ – потенцираше Стрезоски.

Стрезоски кој навистина е неуморен на културно поле, сака овој фестивал да добие традиционална рамка бидејќи се одржува на почетокот на летната сезона и е мотив плус да привлече што поголем број туристи. Тој е задоволен од досегашниот тек на фестивалот, рече дека позитивно е изненаден од посетеноста на странските гости на сцената на Долни Сарај и кај чинарот на плоштадот Крушевска Република.  Влезот за претставите е слободен.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top