Споро оди реализација на проектот за легализација на дивоградбите. Уште нецел месец останува до 3 ти септември, последниот рок кога граѓаните можат да достават документација за бесправно изградените објекти или дивоградбите. Во Локалната самоуправа на Охрид, досега доставени се 2160 такви барања, а решени се околу 10 до 12%. Вишиот соработник за односи со јавност во локалната, Томе Џамтоски, појасни на што се должи ваквата состојба.
-Наизглед ова покажува дека е мал број, меѓутоа мора да се земе предвид дека граѓаните само за да го запазат законскиот рок до 3 ти септември поднесуваат непотполна декументација посебно им недостигаат геодетски елаборати и решение за имотно правни односи.
Џамтоски рече дека две комисии со несмален интензитет постојано се на терен. Нагласи дека сепак, за постапката за легализација на дивоградбите, главната улога ја имаат граѓаните и нивната ажурност во доставување на потребната документација.
Во локалната немаат точна бројка на бесправно изградени објекти на територијата на општината. Џамтоски за податоци од тој карактер не упати до општинскиот инспекторат. Танас Танасоски појасни дека до 15 ти февруари 1968 се било легално, но нивната едвиденција започнала дури од 2005. Оттогаш на територијата на општина Охрид биле регистрирани некаде околу 1000 дивоградби.
Инаку, на државно ниво има околу 300 000 вакви објекти, а досега се поднесени само 55 илјади барања од правни и физички лица за легализација на истите. Од оваа бројка Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески воопшто не е задоволен и најави дека после 3 ти септември ќе следуваат парични санкции за оние кои нема да поднесат барање за легализација согласно Законот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град