Иако истото изгледа изложено на временските прилики или на човечки фактор, сепак не станува збор за соголени жици кои би биле непосредна опасност за луѓето-информираат од ЕВН.
Нема непосредна опасност од откорнатото орманче во населбата „Гоце Делчев“-тврдат од ЕВН Македонија. ТВМ во повеќе наврати информираше за состојбата во која се наоѓа ова орманче кое повеќе пати досега беше цел на вандалски напади.
Денес екипи на ЕВН Македонија излегле на терен со цел да утврдат дали истото претставува непосредна опасност по минувачите. Портпаролот на ЕВН, Атанас Ковачевски информираше дека екипите констатирале дека орманчето е безбедно, односно дека жиците имаат соодветна изолација и дека нема присуство на влага во него. Иако ова прашање во повеќе наврати беше актуелизирано во нашата информативна редакција, од ЕВН велат дека досега немале пријава за конкретниот случај. Портпаролот Ковачевски со апел до граѓаните, иако во моментот не постои непосредна опасност, истите да не преземаат ништо на своја рака, туку само да пријават во Корисничкиот енерго центар на ЕВН во Охрид или да се јават на инфо телефонот 0890 88888. И покрај тоа што во моментот орманчето е безбедно, Ковачевски информира дека во иднина истото ќе биде променето.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град