Воениот камп во Св. Наум еден од загадувачите на изворите

Локаланата бара средба со АРМ, за да се изнајде решение на проблемот.  Министерот за одбрана, Зоран Коњановски демантира дека кампот бил и е загадувач на езерото.

 |  Татјана Маленкова  | 
Sv. Naum
Св. Наум

sv.naumЛокаланата бара средба со АРМ, за да се изнајде решение на проблемот.  Министерот за одбрана, Зоран Коњановски демантира дека кампот бил и е загадувач на езерото.

Автокампот на АРМ е еден од најголемите загадувачи на водата во туристичкиот комплекс Свети Наум, тврдат членови од комисијата која го испитуваше проблемот..Локалната самоправа бара АРМ под итно да превземе мерки со кои ќе го спречи понатамошното загадување на изворите од езерото.
„Ние ќе инсистираме преку државниот инспекторат за екологија и преку министерството за транспорт и врски  овој проблем да се реши.Ќе мора да се затворат сите угостителски објекти таму.Голем загадувач е автокампот на АРМ.Иако постои пречистувач, тој не ја врши својата функција бидејќи не смее ниедна бактерија да влезе во водите на системот.Сметам дека министерот ќе најде начин овој проблем да го реши, да дојде и да се договриме како да го реши“, вели Танас Танасоски, раководител на општинскиот инспекторат.

Министерот за одбрана Зоран Коњаноски дементира дека воениот камп е најглолем загадувач на водата во Св Наум.
„Јас најодговорно тврдам дека во рамките на кампот Свети Наум имаме пречистителна станица, но бидејќи сакаме да го реновираме кампот ние од оваа година сакаме да поставиме нова пречистителна станица според сите стандарди.Мислам дека ниту сме биле ниту пак ќе бидеме загадувачи и воопшто од таму не се испуштаат фекални води во Охридското Езеро.За многу брзо ќе почнеме, до месец јули ќе биде поставена таа пречистителна станица“, најави министерот Коњановски.

Проблемот во Св наум останува отворен.Се што беше во наша надлежност ние направивме, но тоа не е доволно, додава раководителот на општинскиот инспекторат.
Танаскоски вели дека локалната со допис се обратила до министервото при што побарале средба на која ќе се  дискутира за решавање на проблемот. Тој уште додава дека АРМ не треба да импровизира со ништо бидејки во текот на летната сезона Свети Наум го посетуваат најмалку 1000 туристи дневно.
Само за потсетување минатата сезона од извори во Св Наум се заразија околу 100 гости од земјава и странство , дел од нив неколку дена беа задржани на лекување во охридската болница.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top