Звуците на гитарата вечер на „Охридско лето“

Фестивалската магија на „Охридско лето“ продолжува. Вечерашниов термин резервиран за звуците на гитарата од рацете на ЕленаПапандреу. Станува збор за уметник, добитник на голем број интернационални награди  кој настапува како солист со оркестри, музичари и диригенти од целиот свет.

 |   | 

Фестивалската магија на „Охридско лето“ продолжува. Вечерашниов термин резервиран за звуците на гитарата од рацете на ЕленаПапандреу. Станува збор за уметник, добитник на голем број интернационални награди кој настапува како солист со оркестри, музичари и диригенти од целиот свет.

Папандреу настапува во повеќе од 40 земји во Европа, Северна и Јужна Америка, а како една од уметниците на програмата „Нови ѕвезди“ на Асоцијацијата на концертни сали на Европа добива можност да настапува и во најпрестижните концертни сали во Европа: „Музикферајн“ во Виена, Филхармонијата во Келн, „Симфони хол“ во Бирмингем и концерната сала во Атина.

Настапува и во концертната сала „Чајковски“ во Москва и салата „Кралица Елизабета“ во Лондон. Во 1998 година дебитира во „Карнеги хол“ во Њујорк. Соработува со признати музичари меѓу кои гитаристите: Оскар Гилиа, Алирио Дијаз, Роланд Дајенс, Никита Кошкин, Евангелос Будунис, виолинистот Леонидас Кавакос и виолончелистот Леонид Горохов. Папандреу настапува како солист со оркестри во Грција, Италија, Романија, Турција, Мексико и Сингапур со диригентите: Даниеле Гати, Лан Шуи, Паул Чианг, Кристијан Мандеал, Митос Логиадис, Василис Христопулос и др. Меѓу композиторите кои ѝ посветуваат дела се: Роланд Дајенс, Никита Кошкин, Никос Мамангакис, Гиоргос Кумендакис и Евангелос Будунис. Елена Папандреу е професор на универзитетот во Солун, Грција. НАстапот на Папандреу започнува во 21часот во црквата Св. Софија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top