„Звуците на животниот ритам“ во Охрид

Интернационалниот ликовен караван, „Звуците на урбаниот пејзаж“ по четврти пат организира изложба во Охрид.

 |  Лионела Јаковлева  | 

Интернационалниот ликовен караван, „Звуците на урбаниот пејзаж“ по четврти пат организира изложба во Охрид. Охриѓани, а и гостите ќе можат да видат дела на 45 излагачи од 7 земји од светот. Најголемиот дел од нив се од македонски автори. Овојпат изложбата е насловена како „Звуците на животниот ритам“.

Колекционерот Тихо Кондов, вели дека и овојпат претежно се изложени дела од млади автори бидејќи целта на оваа колонија е да се промовираат токму таквите сликари. „Секако, додава тој сликите мора да поседуваат висок квалитет“.

Инаку делата се работени во повеќе техники како масло на платно, графика, акварел, а има и две скулптури. Инспирацијата е црпена од секојдневните настани видени преку очите на еден уметник. Оваа изложба досега имаа можност да ја видат стружани.
„Традиционално изложбата најпрво ја поставуваме во Струга и тоа за отварањето на Струшките вечери на поезијта, потоа доаѓаме во Охрид, а после ги посетуваме и останатите македонски и балкански центри. Оваа изложба ќе патува и за Њу Јорк“, вели Кондев.

Изложбата ќе биде поставена 14 дена и тоа во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top