Зошто туризмот трпи-одговорија од СДСМ – Охрид

Нормално, заради Агенцијата за развој на туризмот во координација со актуелната влада на ВМРО – ДПМНЕ. Ова се само дел од низата обвинувања упатени на овие адреси, од страна на охридските  Социјалдемократи.

 |  Билјана Николовска  | 
pres sdsm
прес СДСМ

press sdsmНа секој сегмент на туризмот охридските социјалдемократи најдоа дамка. Без перде и без влакна на јазикот тие на денешната прес конференција го пренесоа својот партиски став за моменталната состојба на туризмот кај нас. Сите критики беа упатени на адреса на Агенцијата за поддршка и развој на туризмот и актуелната Влада на ВМРО – ДПМНЕ. Портпаролот на СДСМ, Ана Николовска, рече дека „развојот на туризмот со ваква сообраќајна инфраструктура е само огледало за неспособноста на Агенцијата за промоција и подршка на развој на туризмот да се справи со еден од многуте реални проблеми во оваа стопанска гранка“.
„Во нашиот град Охрид има многу чуда“. Вака Николовска ги нарече промотивните билборди, постерите, саемските претставувања и спотовите за Охрид, кои ги прави Агенцијата за поддршка и развој на туризмот. Таа додаде дека се тоа е добро, ако знаат  туристите како да стигнат до Охрид, бидејќи треба да поминат пеколен и несигурен пат. Тука таа акцент даде на лошата патна инфраструктура низ целата земја. Николовска остро го нападна ресорниот Министер за транспорт и врски, кој според неа не водел грижа ниту за железничкиот сообраќај. Таа му порача да се зафати за работа додека сеуште може нешто да се спаси во име на туризмот, како Охрид навистина би бил атрактивен туристички центар, со сите нишани.
На обвинувањата на социјалдемократите од Охрид денеска им немаше крај. Тие го спомнаа и авиосообраќајот каде според Николовска бележиме негатива. Сообраќајниот хаос што за време на летната сезона владее низ езерото е посебна приказна од која епилогот е многу жртви, додаде таа. Теоретски, социјалдемократите на Охрид имаа добри насоки за развој на туризмот и одговори на евентуалните грешки кои според нив ги прави Агенцијата за промоција и поддршка на развој на туризмот. Сепак пресот обично се заокружува со новинарски прашања, кои и овој пат останаа без одговор.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top