Зошто не го сакаат Паноски во комисијата за финансии и буџет?!

Членовите на комисијата за финсии и буџет, треба да расправаат за разрешување на нивниот колега Дејан Паноски од редовите на оваа комисија. Ова прашање  го потегна претседателот на комисијата Ахмед Патељ по неколкуте отсуствувања на советникот Паноски од работата на седниците.

 |  Татјана Маленкова  | 
Panoski
Паноски

Членовите на комисијата за финсии и буџет, треба да расправаат за разрешување на нивниот колега Дејан Паноски од редовите на оваа комисија. Ова прашање  го потегна претседателот на комисијата Ахмед Патељ по неколкуте отсуствувања на советникот Паноски од работата на седниците.

komisija„ Советникот Дејан Паноски согласно членот 68 треба да го информира претседателот за неговото одсуство. На неколку комисии советникот Паноски воопшто не присуствуваше. Деловничката одредба од овој закон јасно и гласно кажува дека за отсуство на било кој член од комисијата се информира претсеадтелот на комисијата. Членот 69 согласно член 68 вели дека ако советникот на матичното тело на таа комисија три пати едно по друго е отусутен се информира претседателот на советот и натамошната постапка на матичната  комисија завзема став, што значи дека може да биде разрешен“, вели Ахмед Патељ – претседател на комисија за финансии и буџет.


„Моите одсуства од седниците на комисиите се поради службени патувања во странство што многу лесно може да се провери. Јас нема да и пречам на комисијата да си ја заврши својата работа како што мисли дека треба“, вели советникот Дејан Пановски.
“Ако мисли дека службените обврски во станство се недоволен аргумент за отсуство, тогаш јас сам ќе гласам за разрешување. Нема никаков проблем. Ова можам да го разберам како политичка хајка но било каде да оди ваквата хајка јас секогаш ќе останам конструктивен критичар и нема ништо да ме поколеба околу тоа, во интерес на Охрид“, вели советникот Дејан Пановски.
Паноски уште додава дека ако веќе се отвораат прашања за работењето на комисиите тој побара да се провери како и со какви средства се обезбедува кворум за работа на комиисии. Уште побара и да се испита прашањето зошто не добиваат записник од претходната комисиска седница. „ Моја препорака е да се зборува и за  тоа на каков начин се водат седниците на советот по кој деловник се движат тие кои ги водат и ред други прашања, што треба да ги отвориме“, вели советникот Дејан Паносвски.
„ Конструктивни забелешки на седниците даваат сосветниците  од ВМРО ДПМНЕ. Друго се се сведува на преќутно кревење на два прста. Ако сметате дека тоа е квалитетна работа тогаш така нека се водат расправите“, додава Паноски.
Инаки доколку члановите на комисијата на една од седниците завземат став за разрешување на советникот Пановски од член на оваа комисија, тогаш на негово место треба да дојде друг советник од редовите на ВМРО ДПМНЕ.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top