Зоран Заев денес во Охрид

Сдсм активно се подготвува за наредните локални избори. Нејзиниот претседател не сакаше да открие имиња на можни кандидати за идниот охридски градоначалник, но рече дека се работи за квалитетни личности со богата политичка позадина.

 |  Лионела Јаковлева  | 
Zoran Zaev
Зоран Заев

Сдсм активно се подготвува за наредните локални избори. Нејзиниот претседател не сакаше да открие имиња на можни кандидати за идниот охридски градоначалник, но рече дека се работи за квалитетни личности со богата политичка позадина.

Сдсм ја започнаа предизборната кампања. Денес претседателот на оваа партија, Зоран Заев беше во посета на Охрид каде истакна дека претстојните локални и претседателски избори се од исклучителна важност за партијата, но и за самата држава.

Zoran ZaevЗаев потенцираше дека Сдсм ќе понуди квалитетни кандидати за градоначалник не само во Охрид туку и низ целата република. Моменмтално се врши ажурирање на членството во општинските организации и останатите технички подготовки. Кон крајот на ноември ќе започне пријавувањето на кандидатите за иден градоначалник, а ќе трае до средина на декември. „Овој пат започнуваме порано , објаснува Заев со цел да им дадеме повеќе време на граѓаните да си го изберат својот фаворит“. Можните кандидати за Охрид не сакаше да ги открие со објаснување дека сеуште е рано за пласирање на имиња.

„Се она што во овие четири години сработи градоначалникот на Охрид кој е од редовите на Сдсм, ќе биде адут за наредната кампања, вели Заев. Ќе работиме за повторно да имаме мнозинство градоначалници од Сдсм низ цела држава“, потенцира претседателот на оваа партија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top