Зоран Ногачески во градоначалничката трка влегува како независен кандидат

Актуелниот градоначалник на општина Дебрца Зоран Ногачески во градоначалничката трка влегува како независен кандидат.

 |   | 

Денеска напладне, актуелниот градоначалник на Општина Дебрца Зоран Ногачески до ДИК ја достави својата иницијатива за собирање потписи за независна кандидатура за градоначалник. Откако СДСМ до денеска не објави кандидат за оваа општина, Ногачески одлучил во изборната трка да влезе самостојно.

Тој попладнево преку објава на фејсбук се обрати до жителите на Дебрца и ја побара нивната поддршка, но и ги повика партиските раководства да ги стават потребите на граѓаните над теснопратиските интереси.

Има и такви кои велат дека “недоволно сум ја слушал Партијата и недоволно сум работел за партиските интереси”. По оваа нивна перцепција за моето работење се чувствувам мирно и спокојно, значи сум успеал, да бидам она што Ви го ветив, градоначалник на и за сите граѓани. Извинете другари, мила ми е Партијата, ама помили ми се селата и општината. И покрај се, изразувам голема благодарност до членови на раководството и партиски членови на СДСМ, со кои во изминативе години успешно соработувавме во креирањето и имплементација на државните и локалните политики – напиша Ногачески.

Согласно бројот на избирачи во Избирачкиот список за Дебрца, Ногачески треба да собере најмалку 100 потписи. Рокот за собирање на потписите истекува во понеделник, 30ти август, на полноќ.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top