Деновиве охриѓани сведоци на драстично намалување на нивото на водата во езерото. Портпаролот на Електрани на Македонија, Димче Котевски, во телефонски разговор не информира дека ваквата состојба е реузлтат на сушниот период кој трае речиси половина година. Тој негира дека причина е испуштањето на водата за енергетските потреби и додава дека испуштањето на водата се прави според потребите на системот. Падот на вредностите на котите е вообичаен за вакви временски услови, обајснува Котески. Но, експертите од Хидробиолошкиот завод не се согласуваат.
„Доколку се продолжи понатаму да се користи водата на Охридското езеро преку Црн Дрим за производство на Охридското езеро, со вакво темпо, не е познато кое е темпото, а истовремено продолжи и сушниот период. Езерото од ден на ден ќе се спушта. Може да настани во даден момент голема опасност за крајбрежието,“ вели Д-р Крстаноски.
Крстаноски објаснува дека уште во 1978 година е предвидено да за производство на електрична енергија може да се користи водениот столб кој се движи помеѓу максимално утврдената кота од 693, 75 и минималната од 693,10 метри надморска височина. Крстаноски додава дека во услови како сегашните кога нивото на езерото е само 4 сантиметри над минималната кота не смее да продолжи искористувањето на водата од езерото за енергетските потреби, зошто тогаш и трендот на опаѓање на нивото на езерото ќе продолжи.
„Во вакви услови треба да се обединат две добра. Да се намалат осцилациите потребен е соодветен режим на испуштање на езерото, а тоа може да се направи што е стара болка, со изградба на соодветен регулаторен систем на истекот на Црн Дрим,на Охридското езеро.
а не како досегашниот со греди и талпи да ги подига кој кога сака и кога сака да ги вади и става“, објаснува Крстановски.
Ескпертите од оваа научна институција објаснуваат дека доколку продолжат ваквите осцилации, тие негативно ќе влијаат врз дел од живиот свет во езерото кој со повлекувањето на водата останува на суво,а исто така ќе предизвикаат и проблеми што ќе резултираат со вертикални движења на земјиштето и објектите на крајбрежјето.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град