Значително мал број на казни за неносење маска во Охрид

Парични казни за 5 лица од Охрид и 4 од Струга поради неносење заштитни маски. Вкупно на подрачјето на СВР Охрид се констатирани 26 прекршоци за неносење лична заштита на лицето.

 |   | 

Според статистичките податоци на МВР, во текот на изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 26 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид 5, Струга 4, Кичево 13 и Дебар 4).

Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19. Во овој период, во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршени се 46 контроли по угостителски и други објекти (Охрид 8 и Кичево 38), информираат од СВР Охрид. 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top