Животот поевтин од имотот

„Предизвици во хармонизирањето на домашната регулатива и супервизија на осигурувањето со регулативата и праксата на Европската Унија“, тема на конференцијта која денеска се одржа во Охрид.

 |  Татјана Маленкова  | 
konferencija
конференција

„Предизвици во хармонизирањето на домашната регулатива и супервизија на осигурувањето со регулативата и праксата на Европската Унија“, тема на конференцијта која денеска се одржа во Охрид. Организатор на оваа регионална конференција е Агенцијата за супервизија на осигурување на Македонија. Целта е да се разгледаат важните прашања околу хармонизација на регулативата и праксата од ЕУ во домашниот правен систем, како и да се овозможи размена на искуствата меѓу регулаторите.

„ Целта на оваа конференција е усогласување со законската регулатива од ЕУ. она што е важно е имајќи предвид дека тежнееме да привлекуваме странски инвестиции во државава во Р македонија во моментов од 15 друштва за осигурување 14 се во доминантна сопственот на странски компании, а тоа укажува дека нашата регулатива е во висок степен усогласена со директивите од ЕУ во сегментот на осигурување , а тоа укажув на висок степен на доверба на странски инвеститори да дојдат во Р македонија и да инветсираат на пазарот на осигурување“, истакна директор на агенција за супервизија на Р Македонија, Климе Попоски.
Попоски додава дека во ЕУ во моментов на сила е директивата – солвентност 1. Законот за супервизија на осигурување кој претставува законска рамка со која се регулира дејноста осигурување во РМакедонија во највисок степен е хармонизиран со одредбите на оваа директива, меѓутоа во моментов во фаза на имплементација е нова директива солвентност 2. Обврска на земјите членки на ЕУ е да ја имплеминтираат оваа директива во своите нацонални законодавства најкасно до 31 декември 2012 год., токму пради овие измени ја организиравме оваа конференција, додава Попоски.

konferencijaСпоред странските експерти, Македонија се труди да има што подобра индустрија на осигурување. „Пред кратко време бевме во посета на една словенска компанија во Македонија и ги увидовме проблемите со кои се соочуваат тие“, вели Директорот на Агенцијата за супервизија на осигурување, Словенија, Михаел Перман.

„Јас мислам дека Македонската супервизија е свесна за овие проблеми, ги чека долг пат но добро тргнаа“, истакна Директор, Агенција за супервизија на осигурување, Словенија, Михаел Перман.
Во Македонија е развиено осигурувањето на лица и имоти, но сеуште не е развиено животното осигурување. Директорот Попоски вели дека за да се развие овој тип на осигурување, треба да постојат одредени предуслови, стабилност пред се на макроекономските услови, на финасискиот систем, но и зголемување на животниот стандард. Во Македонија првите два предусови со сигурност се постигнати, се работи само на развивање на  третиот услов, вели Попоски.
Гостинот од Словенија признава дека со слични проблеми се соочувала и Словенија, пред да стане дел од ЕУ.
И покрај се, директорот на Агенцијата за супервизија на осигурување од Словенија, открива дека Македонија и Словенија треба уште да работат на проширување на животното осигурување.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top