Жените од Македонија со оштетен слух на манифестацијата „Жена домаќинка“ ќе ги покажат своите кулинарски способности
Живка Стојановска од Прилеп е жена, домаќинка, мајка и баба. Таа секојдневно ги прави сите оние вообичаени работи за една жена, но најмногу ужива кога готви и за своето семејство подготвува најразлични специјалитети било солени или благи. Нејзините раце се навистина вешти и од најобично тесто знае да направи вистинско уметничко дело. Живка својата способност за прв пат оваа година решила да ја покаже на манифестацијата „Жена домаќинка“ која е организирана од страна на националниот сојуз на глуви и наглуви лица на Р. Македонија. Со нејзината погача цвеќе ќе се натпреварува со останатите жени од 12 те екипи. Но, за Живка не е важен натпреварот ниту наградата туку дружењето со своите колешки и убавите моменти поминати со нив.
Претседателот на националниот сојуз на глуви и наглуви лица на Р. Македонија, Васко Марков вели дека оваа манифестација ја организирале за да докажат дека жените со оштетен слух се равноправни со останатите луѓе и на овој начин да им дадат можност да излезат од домот и да покажат што умеат и знаат. Тој кажува дека сојузот брои 6000 членови, а во државава постојат 19 општински здруженија. Манифестацијата „Жена домаќинка“ се одржува по четврти пат и тоа секогаш во Охрид бидејќи досега нашиов град се покажал како добар домаќин. Славица Стефаноска, претседателот на охридското здружение на лица со оштетен слух е горда што можат да го искажат своето гостопримство и на овие лица да им овозможат убави моменти.
Инаку, посебна комисија составена од вешти жени од Охрид ќе ги оценува специјалитетите, а наградените ќе добијат пехари, а ќе има и изненадувања кои претседателот не сакаше предвреме да ни ги открие.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град