Живот без пари

Помеѓу две убави куќи во с. Издеглавје, Дебрца, наѕира една дрвена порта од трошна куќа. Тука живее Мара Димоска, која се соочува со невидена беда.

 |  Николоска Биљана  | 

Во една полураспадната трошна куќарка во с.Издеглавје, охридско, живее Мара Димоска. Таа секое утро се буди со мисла дали ќе се снајде за храна за да го помине денот. Баба Мара деновите ги минува во малечко собче со земјен под, каде има само еден кревет, искршена витрина и едно позајмено ќумбе каде понекогаш се вари компир. Животот е тежок, 8 години сама се борам а соселаните ме избегнуваат, низ солзи раскажува Димоска.

namirnici tetka mara„Не земам ништо веќе година дена и така се снаоѓам, живеам. Ми помага само еден човек бидејќи добро живеев со женаму, но и тој си има деца“-вели Димоска.

Димоска вели оти за неа се зборувало дека има убави куќи. Таа на надлежните институции и на сите оние кои не веруваат дека живее во беда и без елементарни услови, им порача да ја посетат за да видат и уверат како живее.

„Немам, немам ништо, ниту апарати само една провизорна сијалица“.

На излегување од нејзиниот дом, од соседните куќи се ширеше мирис на тазе зготвен ручек. А во домот на нашата соговорничка остана полупразното тенџере со некаква манџа, зготвена од пред неколку дена и она што колку да не влегуваме со празни раце и го однесе нашата екипа.

kukja IzdeglavjeГрадоначалникот на општина Дебрца Љупчо Којчиноски, запознат е со случајот на Димоска. Во краткиот телефонски разговор ни кажа дека се она што е во нивен домен помагаат и оти тоа ќе го прават и понатаму. Којчиноски смета дека Центарот за Социјална Работа тука треба да ја одигра клучната улога како проблемот со Димоска би се надминал долгорочно. Остваривме контакт и со директорот на ЦСР,  Екрем Каљоши. Тој убаво не сослуша и вети дека до петок, од центарот ќе испрати стручен тим  кај Димоска, за да увидат дали и како можат во рамки на нивните надлежности да и помогнат. Марија Димоска единствено е запишана во списокот на социјални случаи во Црвениот крст Охрид.

„Во неколку наврати сме контактирале и со селаните кои кажале дека постои таков изолиран случај на кого му е потребна помош“-вели координаторот на организациони стручни работи од Црвениот крст Охрид, Мимоза Ставрова.

Судбината на Марија Димоска не е еден и единствен случај. Целта на оваа сторија на ТВМ е да и се помогне на Димоска но и да се подигне свеста кај јавноста за луѓето околу нас кои имале помалку среќа и живеат во тешки и нехумани услови. Неделава изминува во знакот на Грижата за старите лица.Од Црвен крст велат: Ќе почукаме на  вратата на постарите лица со желба да бидеме со нив и подариме, на нивната есен на животот, топлина на сонцето и пријателска рака. Тоа треба да го правиме секој ден и секој од нас.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top