Живот во мрак

Четиригодишната Симона Јовеска од Охрид, не гледа. Нејзината мајка Гордана Сиљаноска сака само едно – да ја дознае дијагнозата за болеста на Мона, која до ден денес ниту еден доктор специјалист ја нема прецизно поставено.

 |  Билјана Николоска  | 
Mona
Mona

MonaСимона Јовеска од Охрид, сеуште ја нема видено светлината на денот. Четири годишната Мона е весело и мошне интелегентно девојче, која сеуште не прогледала, раскажува низ солзи нејзината мајка Гордана Сиљаноска. „Малата Мона е предвремено родена на 8 месеци…… неколку дена беше во инкубатор а потоа од породилното одделение е испишана со општа добра состојба. Уште на тримесечна возраст приметив дека нешто не е в ред со нејзиниот вид“, вели нејзината мајка. Од тогаш, до денес, стручните лица при медицинските институции во земјава немаат поставено дијагноза за маката на моето дете, додава таа. Сиљаноска, е разочарана од досегашниот третман на нејзината ќерка од страна на македонските очни специјалисти. И покрај се таа не се предава и понатаму е упорна и вели дека ќе оди до крај.
Македонските доктори Сиљаноска ја советувале со својата ќерка да оди во Белгија, на клиниката за вградување ретина, Св. Августин. Сиљаноска рече дека на тоа патување пропаднале околу 3000 евра,  бидејќи од Македонија заминале со погрешна дијагноза.
Сиљаноска вели дека докторите во државните институции ја терале да ја носи Мона во институција за слепо пишување, но никој не преземал одговорност да потпише дека нејзината ќерка е слепа и дека и нема лек.
MonaПремиерот Никола Груевски комплетно ја знае мојата состојба и во неколку наврати ми има излезено во пресрет, вели Сиљаноска. Таа додава, дека цело време е во постојана комуникација со Министерството за здравство, но досега ништо конкретно од таму не произлегло, ниту некаква помош ниту совет за понатаму. Последен одговор од таму на нејзините барања, во кои таа сака Министерството за здравство да и обезбеди преглед на Мона на Европската очна болница во Скопје, за утврдување на точна дијагноза, наведувале сосема друга причина, за неможност да се изведе тоа.
Малата Симона со допир препознава предмети и се движи. Самостојно не може  ништо да направи. Во раката држи дрвен крст и вели дека тоа и е најомилен предмет, сака да слуша музика и пее. Добро рецитира и е комуникативна. Да се надеваме дека оваа сторија ќе побуди интерес кај хуманите луѓе и во најмала рака ќе помогнат доколку се може малечката Мона да ја види светлината на денот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top