Највредниот живопис во Македонија, набрзо пред очите на јавноста

Пролетва ќе се започне со конзервација на фрескоживописот на црквата Света Богородица Перивлепта. Ќе се работи и на нејзината архитектура. Директорката на Завод и музеј вели дека се оди по планот и дека не се доцни со реализацијата на проектот.

 |  Јаковлева Лионела  | 
perivlepta
перивлепта

 

Црквата Света Богородица Перивлепта ќе си го врати својот некогашен сјај. Конечно се гледа крајот на проектот со кој по добивањето на грантот од американската амбасада пред повеќе од три години се оформи тим кој вршеше истражувачки работи на архитектурата и фрескоживописот во Перивлепта. Сите работи се завршени пред месец и половина кога бил одржан и состанок со Комисијата која ќе го верификува проектот. Него го предводеа двајца странски експерти назначени од УНЕСКО. Директорката на Завод и музеј Тања Паскали Бунташеска вели дека од страна на Комисијата имало некои мали забелешки кои се отстранети и штом ќе дозволат временските услови ќе се отпочне со реконструкција на кровот. Инаку, проектот официјално требаше да заврши минатата есен, но паскали тврди дека се оди по планот и не станува збор за задоцнување.perivlepta

Констатирано е дека главните оштетувања посебно на фрескоживописот се поради појавата на влага заради прокиснувањето на кровот и појавата на соли. Во моментов се заштитени сите кровни површини и се чека тие да се исушат. Пролетва ќе се започне со конзервација на архитектурата и на нејзиниот фрескоживопис, а ќе се интервенира и на камбанаријата и на конакот. Паскали објаснува дека тие ќе направат се што е во нивна надлежност, а околу обезбедувањето на овој храм и околу поставувањето на електричната инсталација е задолжена МПЦ.

Со проектот предвидено е и уредување на дворното место, а Паскали апелира до сите граѓани дворот на црквата да не се користи како сообраќајница што е случај сега. Инаку оваа црква е вредна и единствена по многу нешта. Директорката на Завод и музеј вели дека живописот во Перивлепта можеби е еден од највредните во Македонија и пошироко. Фрескоживописот не е третиран од `80-тите  години на минатиот век, кога за последен пат се вршела и конзервација на архитектурата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top