„Живнува“ Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Годинава, граѓаните   доставиле  40 барања во кои се интересирале како работи локалната самоуправа, а одговорот го побарале според  Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

 |  Валентина Нелоска  | 
studio
студио

Годинава, граѓаните   доставиле  40 барања во кои се интересирале како работи локалната самоуправа, а одговорот го побарале според 

Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Оваа бројка покажува дека интересот на граѓаните е во пораст за разлика  одизминатите години вели Васко Ложанкоски службено лице во локалната самоуправа за посредување според овој Закон.  „Во споредба со изминатите години бележи благ пораст ако се има предвид дека во 2008 биле  доставени 30 барања, а во 2007 имало  20 барања“.
Граѓаните се интересирале за работата  на локалната самоуправа во сферите на комуналните работи, урбанизмот, заштитата на животната средина и туризмот потенцира Ложанкоски. Баратели на информациите според оваа законска можност не биле само охриѓани. Тие се интерсирале најмногу за работата на локалната самоуправа  посебно во делот на туризмот.
Годинава над  80 посто од барањата биле доставени  по електронски пат и на исти начин граѓаните добиле повратен  одговор. За одбележување е и тоа што годинава до второстепената комисија за постапка по овој закон нема поднесено нити една жалба потенцира Ложанкоски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top