Времено сместување за жителите од Железничка на кои ќе им се срушат домовите. Градоначалникот Александар Петрески вети дека иако тоа не во надлежност на локалната, сепак нема да дозволат семејствата да останат на улица.
Општина Охрид ќе обезбеди времено сместување на жителите од “Железничка”, кои изградбата на овoj булевар ќе ги остави без покрив над глава.
„Нема да дозволиме нашите сограѓани да останат на улица иако не сме обврзани да превземаме вакви активности“, истакна градоначалникот Александар Петрески.
Овој проблем го третираме како проблем од висок ранг. На седница на Совет веќе помина одлуката, жителите на кои ќе им бидат срушени куќите да не плаќаат за комуналии. Ова не се многу големи пари, но сметам дека колку толку ќе им бидат од помош“, истакна Петрески.
Градоначалникот појасни дека семејствата кои ќе останат без домови ќе бидат времено сместени во некои од социјалните станови, со кои стопанисува ЈП за стопанисување со стамбен и деловен простор.
“Железничка му е неопходна на Охрид и мора да се направи што побрзо. Јас не критикувам што министретвото за транспорт и врски сакаат да ја направат, туку забележувам што камен темелник се ставаше за време на избори“, рече Петрески.
Убеден сум дека започнатите активноти ќе се реализираат до почетокот на туристичката сезона, затоа што за тоа има желба од сите страни, додава градоначалникот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град