На 25-ти декември во Центарот за култура „Григор Прличев ќе се случи предновогодишната „Зимска бајка“. Познати охридски музичари ќе ги изведуваат безвременските македонски евергрини, а за атмосферата да биде уште пожешка ќе се погрижи најдобриот македонски стендап комичар Никола Тодороски. Организатор на настанот е порталот Охрид њус кој подготвува и специјални изненадувања за посетителите.
Охрид ќе биде дел од зимска бајка. Главни актери во оваа предновогодишна забава на која ќе се изведуваат безвременските македонски евергрини ќе се Емилија Маринова – вокал и пијано, Јован Куциноски – вокал, Горан Папаз – саксофон, Филип Стојковски Зизи – тапани, Јане Тодороски – бас и Јован Бочвароски – гитара. Уметниците веќе интензивно се подготвуваат за на охриѓани да им приредат една незаборавна вечер исполнета со празнична магија. Настанот ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ и ќе биде посебен по многу нешта.
Посебен е затоа што нема да биде само обичен концерт. И самото место каде ќе се одржува му дава едно поинакво значење. Се ќе биде организирано така што гостите ќе се чуствуваат како дел од некое светско случување. Ќе има ложа за ВИП гости, салата ќе биде украсена во новогодишно руво и навистина ќе биде како во бајка, вели саксафонистот, Горан Папаз.
За атмосферата да биде уште пожешка ќе се погрижи најдобриот македонски стендап комичар Никола Тодороски.
Ветувам многу хумор и забава за гледачите. Материјалот е нов и екслузивно го подготвувам за оваа прилика. Ќе трае околу 40тина минути, а целта ми е да ги расположам гледачите и да ја почуствуват празничната атмосфера во градов, вели Тодороски.
Двоиполчасовното претпразнично уживање ќе биде надополнето со визуелни ефекти и беспрекорен звук на „Labino saund“. Просторот ќе биде празнично декориран од „Импакт груп“.
Организатор на настанот е порталот Охрид њуз кој подготвува и специјални изненадувања за посетителите.
Влезниците за концерот ќе бидат пуштени во продажба од утре во „Топ Тобако“ градски плоштад, „Топ маркет“ – Чинар, трафика „Фибос“, мјузик шоп „Зи Зи Топ“ и Центар за култура „Григор Прличев“ по цена од 250 денари во предпродажба, а на денот на настанот влезниците ќе чинат 300 денари.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град