Охридската јавност и годинава покуса за информации за тоа колку надлежните се подготвени за одржување на сообраќајниците и патиштата во зимски услови. Пред скоро две недели се одржал координативниот состанок на субјектите кои дирекно или индирекно се инволвирани во оваа проблематика но изостана информација за тоа кои се заклучоците од работната средба. Само од охридската локална самоуправа одговорија на нашите прашања за тоа како ќе делуваат за градот непречено да функционира претстојнава зима.
Општина Охрид годинава подготвена за делување и одржување на локалните улици и селски патишта во зимски услови. Томе Џамтоски, општинскиот портпарол открива дека пред една недела општинските служби заедно со претставници од ЈП „Охридски Комуналец“, СВР Охрид ЈП „Македонија Пат“,фирмите Илинден и Викторија Инвест како и претставници од општина Дебрца во пресрет на зимската сезона одржале координативен состанок на кој ги дефинирале активностите по однос на чистење на улиците и патиштата во зимски услови на териториите на двете општини.
„Охрид веќе има изготвено оперативна програма за централното градско подрачје и околните села. Во централното градско подрачје ЈП ќе чисти со два камиони и 2 трактори а за пунктовите во стариот дел на градот каде што не е возможно да се пристапи со возило че има одредени пунктови каде што рачно ќе се фрла сол. Во овој момент ЈП располага со 35 метри кубни ризла и 50 тони сол а според програмата потребно е да се обезбедат уште 150 метри кубни ризла и 50 тони сол“.
Џамтоски убедува дека граѓаните на Охрид и Дебрца може да очекуваат дека градската власт подготвено ќе одговори на сите предизвици во зимски услови како и тоа дека навремено ќе бидат исчистени сите улици и патишта.
На иницијатива на Секторот за внатрешни работи секоја година се одржува работен состанок на субјектите во чија надлежност е зимското одржување на патиштата и сообраќајниците во градот. Овој координативен состанок две години се одржува зад затворени врати. Минатата година заклучоците од состанокот на барање на медиумите беа објавени еден месец по одржувањето на истиот. И годинава се добива впечаток дека надлежните не се расположени да ја запознаат јавноста со предвидените мерки и планови за работа во текот на престојната зимска сезона.
ТВМ телевизија две недели по одржувањето на состанокот се обидува да добие информација за оваа проблематика од Крсте Ташковски, раководител на охридската подружница на Македонија Пат. Но Ташковски или ни одговараше дека е службено отсутен или не одговараше на нашите повици.
Побаравме информација и од Секторот за внатрешни работи Охрид, кој е организатор на Координативниот состанок на субјектите во чија надлежност е зимското одржување на патиштата и сообраќајниците во градот.
Иако портпаролот на Секторот, Стефан Димовски вети дека ќе одговори на нашето барање, до изготвувањето на овој прилог, не добивме информација.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град