• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Жителите на охридската населба „Христо Узунов“ на протест поради самоволно поставување на базна станица

Жителите на охридската населба „Христо Узунов“ на протест поради самоволно поставување на базна станица

Во текот на утрешниот ден жителите на населбата „Христо Узунов“  ќе излезат на протест поради самоволно поставување на базна станица на покривот на зградата ламела Бетон Б1 од страна на телеоператор.

 |   | 

Во текот на утрешниот ден жителите на населбата „Христо Узунов“ ќе излезат на протест поради самоволно поставување на базна станица на покривот на зградата ламела Бетон Б1 од страна на телеоператор.

Тие деновививе се потпишале и на петиција против нелегитимното поставување на базната станица на место кое е опколено со станбени згради и семејни куќи.

– Овој процес е сокриен од сите нас во околните станбени згради кои сме директно изложени на електромагнетното зрачење на базната станица. Целта на протестот е да се споделат дополнителните информации во вуска со сегашните и идни активности, се вели во повикот за протест.

Жителите од оваа населба и на почетокот на месецов изразија револт од поставувањето на антена на една од зградите во комплексот. Според нив, станарите од едниот влез дале согласност за нејзино поставување, додека оние кои живеат во другиот влез воопшто не биле ни запознаени, ни прашани.Протестот е закажан за 17:30 часот на паркингот во населбата „Христо Узунов“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top