Женскиот Лајонс Клуб „Деница“ од Охрид и годинава засади бели рози

Женскиот Лајонс Клуб „Деница“ од Охрид и годинава ја продолжи традицијата на засадување бели рози. 25 рози беа засадени во паркот наспроти хотел Гарден.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Паркот наспроти хотел Гарден вчера беше разубавен со 25 нови садници на бели рози. Женскиот Лајонс Клуб „Деница“ од Охрид и годинава ја продолжи традицијата на засадување бели рози. „Со оваа наша активност сакаме да дадеме свој мал еколошки придонес, а истовремено и да ја разубавиме глетката на паркот низ  кој секојдневно минуваат голем број љубители на природата“ – изјавија од Лајонс Клубот „Деница“, заблагодарувајќи се и на стручната  помош од страна на вработените во ЈП „Комуналец“ –Охрид. Дениците сакаат на Охрид покрај епитетот „бисер на Балканот“ да му додадат уште еден епитет – „Град на белите рози“. Исто така  нивната цел е и ноември да биде месецот на белите рози како препознатлив симбол на Охрид.
Инаку белите рози не само што убаво изгледаат туку тие се и многу корисни бидејќи ги апсорбираат тешките метали од почвата. Климата во Охрид, температурата на воздухот, големиот број сончеви денови и влагата создаваат идеални услови за одгледување на ова цвеќе. Убаво би било што поголем број на охриѓани да ја поддржат иницијативата на ЛК „Деница“, со цел сите да придонесеме Охрид навистина да стане градот на белите рози.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top