Оваа година сите собрани средства од вечерта ќе бидат наменети за помош на децата со оштетен вид од нашиов град.
Оваа година сите собрани средства од вечерта ќе бидат наменети за помош на децата со оштетен вид од нашиов град.
Трета година по ред Женскиот лајонс клуб „Деница“ од Охрид, на денот на шегата организира „Хуманитарна вечер под маски“, на која оваа година дениците ќе се обидат да соберат средства кои ќе бидат наменети за помош на децата со оштетен вид од нашиов град.
Инаку средствата кои беа собрани од првиот ваков хуманитарен настан во организација на дениците беа донирани за Дневниот центар за лица со посебни потреби „Зраци“. Минатата година пак преку „Хуманитарната вечер под маски“ беа собрани финансиски средства кои беа искроситени за набавака на современа фотокопир машина за Основното училиште „Григор Прличев“ од Охрид.
Како и изминатите години, така овој пат покрај донациите на сите оние кои ќе присуствуваат на овој настан, хуманитарниот фонд ќе биде збогатен и со средствата собрани од организираната ексклузивна лотарија.
Хуманитарната вечер ќе се одржи утре вечер во „Сити Палас“ хотелот во Охрид со почеток 20 часот. А за да бидете дел од овој настан, потребни ви се доза на хуманост, 500 денари за влезницата и секако да го почитувате кодексот, задолжително да имате маска.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град