Жените од Полог и Елбасан имаат визија за сопствен бизнис

Жените од регионите на Полог од македонска страна и Елбасан од албанска страна наместо да ги продаваат своите ракотворби на црно , по пазари и улици,  имаат визија за развивање на сопствен бизнис. Во Охрид, токму на Интернационалниот ден на жената, учат за инвестициски планови и како да ги унапредуваат своите знаења. Целта е вмрежување и поврзување на македонските и албанските жени претприемачи во поглед на прекугранично тргување и соработка.

 |  Соња Рилковска  | 

Наместо да продаваат на црно по улици, вредни ракотворби , облека сувенири и козметички производи жените се мотивираат да започнат сопствен бизнис. Целта е подобар пласман на производите и позиционирање на понежниот пол  во бизнис секторот.
Жени претприемачи од Полошкиот регион и Елбасан во Охрид токму на Интернационалниот ден на жената  ги унапредуваат своите знаења, учат бизнис и инвестициски планови .
Целта е вмрежување и поврзување на македонските и албанските бизниси во поглед на прекугранично тргување и соработка.
„Главни дилеми се околу исплатливоста, околу даноите и таксите кои треба да ги плаќаат за државата. Тој дел како една пропратна услуга  го обезбедуваат нашите партнери се однесува на правни услуги им се обезбедуваат податоци за царини, даноци, такси се што можат се што им е потребно како проценка на својата идеја и колку им е исплатливо што треба да го одвојат како давачки за државата им одзел од нешто што се одесува на исплатливост во моментов“, вели  Гордана Стефковска Велјановска од Центар за управување со промени.
50% од жените во регионот на Елбасан се невработени, во Македонија речиси 40%.  Целта е да се охрабрат  да земат поголемо учество во бизнис секторот и поголем придонес во развојот на економијата. Да се  унапредува женско претприемништво
„Овде имаме жени кои што во главно работат на занаетчиските и стари  занаети ракотворби. Везење и слично , а од друга страна имаме и жени кои што сакаат да отворат нивни бизниси и затоа сме тука да им помогнеме и да им обезбедиме менторство и да им обезбеди упатства за нивната работа“, вели Фаола Ходај координатор на проектот  од Елбасан.
Жените во Полог и Елбасан  сè уште не се сметаат за вреден потенцијал во бизнисот и извор на приход за семејствата. Во овие региони преовладуваат предрасудите дека жените не можат да бидат подеднакво добри како мажите. Но овие храбри жени кои макотрпно и со љубов ја работат својата работа докажуваат дека може да бидат еднакви со мажите.
„Јас доаѓам од Тетово се занимаваме со рпоизводство на козметички рпиродни производи од козјо млеко и мед. Работиме веке три и пол години имаме погон во тетово. Со оваа средба ке доднесе за развивање на пазарот во Албанија каде ќе имаме соработка“, вели Ангела Петрушевска претприемач од Полог.
„Секако дека на почетокот беше многу тешко сама се уште работам на овој бизнис одам по роба и се сама но од друга страна многу ја сакам работата и ја работам со голема љубов. Давачките се многу големи, економијата е слаба а трето е што младите заминуваат“, вели Силвие Амети претприемач од општина Теарце.
Андријана, Анила, Ивона, Луеда, Светлана, Вјолца, Слаѓана и Монада се само мал дел од храбрите жени од регионите на Полог од македонска страна и Елбасан од албанска страна, кои имаат визија за развивање на своите бизнис и се дел од едукативните бизнис средби во рамки на проектот „Развој на микро-претпријатија на жени во прекуграничниот регион“, кој е поддржан од Европската Унија. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top