Спроведување на реформите се чекори со кои треба да се обезбеди подобра иднина на граѓаните. Тоа не го бара ЕУ за себе, туку за граѓаните во Македонија. Оваа порака доаѓа од Евро амбасадорот Самуел Жбогар, при денешната посета на Охрид. Реформите во судството, медиумите, независни институции во системот, се само дел од неопходните реформи кои нашата земја треба да ги спроведе час поскоро.
Кризата во Македонија е завршена, смета високиот претставник на Меѓународната заедница на ЕУ, Евро амбасадорот Самуел Жбогар. Тоа се чуствувало преку граѓаните на Македонија, кај кои се чуствувало олеснување, барем според нивните забелешки.
„Истовремено, не само олеснување, во вашата земја сите ние почуствувавме дека има едно возбудување, еден вид на оптимизам кој што се чуствува во целата земја за тоа дека можеме конечно да тргнеме кон подобра иднина за Македонија. Се разбира дека за овој оптимизам тоа што е потребно да се направи е да се одржи во живот“ – вели Жбогар.
За одржување на оптимизмот кај граѓаните, покрај македонските политичари, свој дел на одговорност треба да има ЕУ, смета Жбогар. Додава дека тие како ЕУ, на нашата земја пред се на Владата и сугерираат да се ангажираат во спроведување на реформи чекор по чекор.
„Кога зборуваме на реформи, тука мислиме на реформи кои што треба да се спроведат за да имаме независно судство, судство кое ќе ги третира граѓани на вашата земја еднакво. Кога зборуваме за независни институции на системот, на даноци исто така на системот на антикорупциската комисија. Исто така на тие реформи мислиме луѓето дали е бизнис заедницата или НВО да може да се почуствуваат дека кога ќе бидат предмет на инспекции нема да бидат казнети поради ред причини“
Наследникот на државниот Јавен обвинител Марко Зврлевски, Европската Унија очекува да биде независен и со кредибилитет, порача амбасадорот.
„Самата цел на сите реформи кои ЕУ ги бара од вашата земја е департизација и деполитизација на самото судство. Прашањето за именување на новиот државен обинител е прашање за кое Собранието на вашата земја треба да одлучи дали ќе избере нов државен обвинител. Ако Собранието одлучи да назначи нов државен обвинител, ние како ЕУ искрено се надеваме и очекуваме таа личост да биде независна, високо професионална, со авторитет како и со кредибилитет за да може да ја води таквата институција“.
Како една од најважните реформи која треба да се спроведе е да имаме независни медиуми, смета Жбогар. Медиуми кои што ќе информираат објективно и независно. Жбогар кажа дека никогаш од нивна страна не бил даден рок до Владата дека до септември треба да се испорачаат реформи, туку во рок од неколку месеци.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град