Зградата на некогашната детска специјална болница-нов центар за кардилогија?

Работите се придвижуваат од мртва точка, бидејќи во тек е изработката на измените за постоечкиот Детален Урбанистички план за тој потег, според кој на таа локација требаше да биде подигнат туристички комплекс.

 |  Голабовски Крсте  | 
detska bolnica
детска болница

Зградата на некогашната Детска специјална болница конечно ќе излезе од заборав. Големи се шансите, овој објект да биде новиот и конечен дом на Центарот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид, чијшто менаџерски тим години наназад се залага за решавање на овој горлив проблем. Градончалникот на Охрид, Никола Бакрачески  истакна дека не престанува комуникацијата на Локалната со менаџерскиот тим на Центарот за кардиоваскуларни заболувања, да биде реализирана опцијата за преместување на дејноста на оваа здравствена установа.

detska bolnica„Моја лична желба и определба, а и определба на сегашниот менаџерски тим на Заводот за кардиоваскуларни заболувања, да тоа биде новата зграда на поранешната детска болница. Ние разгледуваме неколку опции околу искористување на тој потег, односно на таа локација. Јас се надевам дека за брзо време заедно со Владата на Република македонија, односно со Министерството за транспорт и врски и Министерството за здравство ќе изнајдеме најдобро можно решение не само за уредување на тој простор, меѓутоа и за конечно дефинирање на локацијата каде конечно ќе биде сместена дејноста на Заводот за кардиоваскуларни заболувања“ потенцира градоначалникот Бакрачески.

Доказ дека работите се придвижуваат од мртва точка, се информациите кои ги добивме од локалната самоуправа од Охрид, од каде велат дека во тек е изработката на измените за постоечкиот Детален Урбанистички план за тој потег, според кој на таа локација првично требаше да биде подигнат туристички комплекс. Имено по затврањето на детската болница, на барање на Министерството за транспорт и врски, по итна постапка тогашните локални власти донеле ДУП за овој простор според кој  тука требало да се градат елитни туристички хотели.

detska bolnicaОд Министерството за здравство остануваат на идејата зградата на детската болница да биде новиот дом на центарот за кардиоваскуларни заболувања. Само за потсетување, пред речиси една години Министерот за здравство Никола Тодоров откри дека дека за дислокација на центарот, министерството веќе обезбедило и средства и тоа од банката на советот на Европа, а просоторот на поранешната детска специјална болница е една од опциите.

„Една од алтернативите за која активно размислуваме е тука да ја пренесеме болницата за кардиоваскуларни заболување и ова да биде еден центар во Охрид кој ќе биде познат не само за Охрид туку и за регионот, затоа што ни едната ни другата болница не опслужуваат пацинети само од Охрид“, изјави Министерот за здравство, Никола Тодоров.

Па така се поизвесно станува дека од една страна објектот на оваа некогаш реномирана здравствена установа ќе се спаси од целосна девастација и соодветно ќе биде искористен, а од друга страна, конечно ќе се реши просторниот проблем со кој Центарот за кардиоваскуларни заболувања со години се соочува.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top