Се зголемија субвенциите за туристите. Oд почетоков на годинава за гостите кои ќе доаѓаат со чартер лет од Израел, Австрија, Малезија, Јужна Кореја, Италија, Шпанија и Франција, субвенциите се зголемуваат од 25 евра на 65 евра по лице.
Македонија од година во година станува се поатрактивнаивна туристичка дестиницаја за светските тур оператори кои ги резервираат хотелите долж брегот на Охридското Езеро. Од 1 јануари, субвенциите од 25 евра, ќе пораснат на 65 евра за туритите, кои ќе доаѓаат со чартер летови од Израел, Австрија, Франција, Италија, Малезија, Јужна Кореја и Шпанија.
Исто така продолжува субвенционирањето за туристите од Чешка, Словачка, Унгарија, Полска и Романија, само што кај нив зголемувањето е од 25 на 35 евра. Редовно е субвенционирањето на гостите од Холандија, Белгија, Данска, Шведска, Русија, Украина, Јапонија, Индија, Обединетите Арапски Емирати и Кина. Зголемените субвенции што ги дава државата за привлекување странски туристи треба да овозможат развој на секторот, велат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Од таму информираат дека изработиле правилник според кој се врши распределбата на субвенциите, а за годинава планирано било да се потрошат над 3,3 милиони евра за субвенционирање на туристи. Според статистичките податоци, бројот на странските туристи во последните осум години е зголемен за 100 проценти. Во октомври месец минатата година во Македонија најмногубројни биле туристите од Турција, Грција и од Србија.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град