Зголемен водостојот на Охридското езеро

За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а за исто толку е намален на Преспанското, додека нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

 |   | 

Со тоа, водостојот на Преспанско Езеро на мерното место кај ХС „НАКОЛЕЦ“ е девет сантиметри под апсолутниот минимум 842,25 метри надморска височина (мнм), а на Охридско е два сантиметри над дозволениот минимум 693,10 мнм. За разлика од нив, нивото на Дојранското Езеро е за 2,65 метри повисоко од просекот за ноември.

Понизок од просечниот е и водостојот на речиси сите реки во земјава и бележи дополнително намалување во споредба со вчера. Исклучок се реките Бабуна на мерното место кај Богомила и Струмица кај Сушево кои имаат повисок водостој од повеќегодишниот просек за овој период од годината.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top