За по еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското и Преспанското Езеро, додека нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера.
За по еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското и Преспанското Езеро, додека нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера.
Со тоа, согласно последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостоите на Охридското и на Преспанското Езеро се пониски од просекот за ноември. Кај Охридското Езеро нивото е за 13 сантиметри пониско од просечното и е три сантиметри над дозволениот минимум 693,10 (мнм), додека кај Преспанското Езеро е за 1,64 метри пониско од повеќегодишниот просек за овој период од годината и е 14 сантиметри под апсолутниот минимум 842,25 (мнм). За разлика од нив, водостојот на Дојранското Езеро е за 2,67 метри повисок од просечниот.
Водостоите пак, на реките во земјава се во рамките на просекот и кај сите се бележи осетно зголемување во споредба со вчера.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град