Зголемен бројот на нови ковид случаи меѓу децата од 6 до 14 години

Епидемиолошката состојба во државава е подобрена, но не и добра поради тоа што е зголемен бројот на нови ковид случаи меѓу децата од шест до 14 години. Комисијата за заразни болести со апел, граѓаните да примат трета доза вакцина, како најдобар начин за заштита од тешки симптоми, хоспитализација и смрт. Сертификатите за прележан ковид-19 остануваат да важат.

 |   | 

Епидемиолошката состојба во државата се подобрува, но сега загрижува зголемување на бројот на нови случаи кај учениците. Од Комисијата апелираат до граѓаните да се вакцинираат, зошто вакцините се сеуште најдобриот начин за намалување на ризикот од развој на тешка форма на болеста.

Се забележува намалување на бројот на новооткриени случаи со КОВИД-19, што значи подобрување на епидемиолошката состојба, но, тоа не ни дава за право да кажеме дека е добра епидемиолошката состојба, а за тоа особено не потсетува возрасната група од 6 до 14 години каде што забележуваме зголемување на бројот на нови случаи и тоа се школските деца кои се на настава со физичко присуство – истакна Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести.

Од Комисијата, предлагаат факултетите каде наставата не се одвива со физичко присуство туку онлајн, да се насочат кон физичко присуство и повторно да биде поткрепена со вакцинирање кај студентите и кај наставниот кадар. Кумулативниот леталитет (смртност) од ковид-19, од почетокот на болеста до денес, е три отсто, информираат од комисијата.

Најголем дел од починатите од ковид се невакцинирани или нецелосно вакцинирани или вакцинирани пред повеќе од шест месеци и немаат примено трета доза, зошто вакцинирани со трета доза без коморбидитети нема во починатите – вели Петличковски.

Петличковски, посочи дека нивниот апел за вакцинирање со трета доза најмногу допрел до лица над 70 години. Портпаролот на Комисијата за заразни болести Злате Мехмедовиќ, пак, изјави дека во моментов не може да стане збор за укинување на сертификатите за прележан ковид-19.

Во моментот кога ќе има релаксирање на епидемиолошката состојба, кога нема да имаме толку високи бројки ќе може да разговараме и за поинакви мерки кои ќе бидат аплицирани, меѓутоа сега во моментов не може да стане збор за укинување на сертификатите – додава Мехмедовиќ.

Посочи дека сертификатите не се во насока на тоа да се спречи трансмисијата, туку да се спречи пренесувањето на вирусот на тие кои го немаат имунитет.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top