Згаснуваат три работни места

И со добиената согласност, не се пополнуваат испразнетите работни места во детската градинка тврдат од локалната самоуправа.

 

 |  Валентина Нелоска  | 
tabla
табла

„И со добиената согласност, не се пополнуваат испразнетите работни места во детската градинка“ – тврдат од Локалната.

Во детската градинка „Јасна Ристеска“ се згаснуваат  три работни места на пензионирани работници тврдат од Локалната самоуправа.

„И покрај доставените 5  барања од општината,  зав пополнување на работните места, од
Министерството за труд и социјална политика не игнорираат“ – вели Митер Велјаноски, советник на охридскиот градоначлник.

vospituvackiОпштината е во прва фаза на децентрализација и нема наменски средства да ги покрива трошоците за работните места во установата. Доколку се тера самоволие општината ќе мора да затвора објекти потенцира Велјаноски. Тој  додава дека не се пополнуваат испразнетите работни места  и покрај  добиената позитивна согласност  од  Министерството за финансии.  Ова министерство дало согласнот за вработување на 15 луѓе до 31 декември 2008 година, но досега  нема никаков одговор од Министерството за труд и социјaлна политика.

ТВМ  се обиде да ја слушне и  другата страна. Од ресорното миниостерство добивме одговор дека им е потребно време да го разгледаат случајот.
Од Локалната самоуправа информираат и за тоа, дека во детската градинка „Јасна Ристеска“ подолго време има проблем во решавање на статусот на 20 – тина вработени со договор на дело. Некои од нив се  ангажирани на таков начин и по 8 години.

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top