Згасна градскиот линиски превоз

Охриѓани и покрај тоа што се израдуваа на линискиот превоз, се чини дека истиот ќе го почекаат.

 |  Маленкова Татјана  | 
avtobuska postojka
автобуска постојка

Линиите понудени на тендерот објавен од страна на општина Охрид, со линиите запишани во дозволата со дреастични разлики. Општинскиот сообраќаен инспекторат пред два дена им ги одзел дозволите за линиски превоз на фирмите кои го добија општинскиот тендер во месец февруари. Дознаваме дека оваа одлука инспекторатот ја донесол откако  констатирал големи неправилности во издадените писмени дозволи од страна на Општина Охрид.

Оваа информација ни ја потврди Димитар Василески, директор на АД Галеб Охрид, една од фирмите која го доби тендерот. Тој во телефонскиот разговор само ни кажа дека по укажувањето од инспекторатот лично ја вратил дозволата, затоа што повеќе од очигледни биле неправилностите во тендерот и добиените дозволи. Додава дека и за тоа кратко време што се спроведувала оваа линија, фирмата направила повеќе трошоци, а немала никаква добивка.

Изборот на превозникот и издавањето на дозволата и регистрираниот возен ред го вршеше комисија Baraki liniski prevoz формирана од Градоначалникот на општина Охрид согласно понудите од јавниот оглас објавен од страна на општината на 19ти Ноември минатата година. На овој повик покрај АД Галеб Охрид, беше избран и превозникот Димакс експресс.
Линискиот превоз во Охрид беше помпезно најавуван во неколку наврати од бившата гарнитура на локалната самоуправа. Уште минатата година за потребите на овој превоз беше извршено бележење на автобуските постојки на неколку локации низ градот.
Иако се работи за релативно мал град, граѓаните во минатото често реагираа и бараа градски линиски превоз, особено постарата популација која живее подалеку од централното градско подрачје. Замислата беше двете линии од линискиот превоз да доаѓаат до населбата „Гоце Делчев“ или „Бараките“, потоа населбата „Гоце Делчев“, од „Бараките“ по „Јане Сандански“, по „Туристичка“, по „Железничка“ до кај автобуската станица. Овој превоз според бившата локална самоуправа требаше да се одвива по симболична цена, а за  посебните групи на граѓани, за пензионери и други да биде бесплатен.

За жал пред два дена  жителите од кај бараките последен пат имаа можност да го користат линискиот превоз, кој толку долго го чекаа. Да се надеваме дека новата локалната самоуправа и градоначалникот Никола бакрачески, ќе изнајде начин линискиот превоз во Охрид да го стави во функција.  

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top