Жежок комунален проблем

Група жители на улицата Сатеска во населба Даљан, се жалат на проблем стар преку 40 години. 

 |  Валентина Неловска  | 
ziteli daljan
жители далјан

daljan, kanal pred zgradaГрупа жители на улицата Сатеска во населба Даљан, се жалат на проблем стар преку 40 години.  20 –тина куќи од нивното соседство немаат канализација и отпадните води се влеваат во каналот кој истекува, поминувајќи  пред влезот на зградата бр. 81, и завршува во езерските  води. Станарите дополнително ги загрижуваат и атмосферските води кои завршуват во темелите на зградата. Жителите од овој дел на Даљан ги мачи и тоа што немаат соодветен пристапен пат, а пред нивниот влез поминува токму каналот со отпадните води.  

Просторот наоколу е запоставен, обрастен со коров, каналот без премин, а во летните месеци се шири неподнослива реа, се жалат жителите. Тие  нагласуваат дека досегашните обраќања до надлежните служби не вродиле со плод. Не се исполниле ветувањата дека проблемот ќе биде решен.

Жителите од Даљан тврдат дека станува збор за плански градени куќи, за кои плаќаат и колекторски услуги, а немаат пристапен пат и канализационен приклучок. Повратниците од странство инвестираат во својот роден град, а при тоа не добиваат соодветни инфраструктурни услови за живот.  

kanalЗа да ја слушнеме и другата страна на приказната се обративме до надлежните служби. Директорот на МЈП „Проаква“, Бранислав Трпчески со став дека секоја легална градба во Даљан е поврзана на канализационата мрежа, на секундарната и на колекторот. Објаснува доколку има некој пропуст кој не е евидентиран кај нивните служби, а кој ќе се констатира, ќе биде решен.
Доколку скоро не се реши овој жежок комунален проблем, жителите од Даљан со прекрасните куќи и станови без канализација ќе живеат со една нога во 19, а со друга во 21 век. Езерото, пак, и понатаму ќе биде изложено  на еколошко загадување.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top