Жените од ДПМНЕ Охрид со нови трибини и хуманитарни активности

Унијата на жени од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид најави уште поголема активност. Ќе организираат трибини, хуманитарни акции. Жената и политиката е првата од неколкуте најавени трибини за престојниот период. На оваа трибина ќе говорат жени-активистки од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

 |  Мишел Наумоски  | 
vmro-dpmne
ВМРО-ДПМНЕ

Slavica JankovskaСледува период на поголем ангажман на жените од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. На денешниот прес тие најавија дека во наредниов период ќе организираат поголем број на трибини, ќе прават хуманитарни акции, ќе помагаат на сиромашните семејства од Охрид. Велат: „Овие активности ги спроведуваме со цел да им помогнеме на најсиромашните семејства за да можат да ги поминат Велигденските денови убаво и да бидеме во тек со светските трендови односно со Светската недела на солидарноста.“ Ја најавија и првата трибина за престојниов период.

„Овој пат решивме да посветиме една трибина токму на нас жените, темата ќе биде „Жената и политиката“. Трибината ќе се одржи во Центарот за култура на 16 Април во 18 часот и 30 минути. Ја користам оваа прилика да ве поканам да ја следите и оваа трибина и да ги најавам и наредните трибини, тоа ќе бидат „Жените во менопауза и остеопорозата“ и „Бракоразводот и штетата врз децата“. рече Славица Јанковска-Претседател на Унија на жени ВМРО-ДПМНЕ од Охрид

Предавачи на трибината со тема: Жената и политиката ќе бидат пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Анита Кипаризова-Крстевска, советничката Каролина Буџакоска и претседателката на Унијата на жени од ВМРО-ДПМНЕ-Охрид, Славица Јанковска. На трибината ќе се дискутира за улогата на жената во политичкиот живот.

„Кога почнав јас да се занимавам со политика бевме многу малку. Не дека немаа жените интерес, меѓутоа од патријархални причини, сметаа дека не и е местото на жената во политиката меѓутоа сега има се повеќе жени активистки, можам да зборувам само за жените од ВМРО-ДПМНЕ. Навистина состаноците, активностите, трибините, се што спроведуваме како Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ е полно со жени кои даваат голем придонес во самобитот на жената.“-додаде Јанковска

Во духот на Светската недела на солидарноста, Унијата на жени од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид ќе организира и хуманитарни активности. Ќе донираат прехрамбени пакети, но и средства за лична хигиена за сиромашните семејства, за Ромите, за самохраните мајки и децата со хендикеп.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top