На жената и треба реална помош

„Наместо делење цвеќиња и давање лицемерни изјави бараме конкретни заложби за подобро утре на жената во Охрид“.

 |  Николоска Биљана  | 
baner
банер

Жената е мета на различни притисоци и деградирања. Бројните реклами за подобро на жената посебно оние за семејното насилство, и нејзината политичката застапеност, во реалноста покажуваат контра ефект, посебно во Охрид, обвинуваат од ОО на ЛДП и женскиот форум. Тие порачаа наместо каранфили и лицемерни изјави, празникот да се честита со конкретни акции за подобро утре на жената.

Даниела Ангелоска  од ЛДП, вели „секое насилство врз жената да биде строго казнувано. Секторите во кои работат жените посебно текстилната индустрија да добијат повисоки примања, поголемо учество во политиката, право на избор на абортус, поголема социјална помош за сите самохрани мајки подобра здравствена заштита за своите деца. ОО на ЛДП од Охрид прашува, дали мислите дека една осмомартовска хуманитарна акција може да ги реши проблемите на сите мајки и дали е време правот на жените да стане наше секојдневие а не дневен политички настан“

Dejan BlazeskiНа новинарско прашање, зошто наместо забелешки прашања и барање вина во друг, не тргнете од себе кон реализација на идеите за подобро утре, во случај за жената, секретарот Дејан Блажески со став, дека нивните заложби се големи и допрва ќе излезат на виделина. Тој потенцира:

„пред изборите имавме една акција на која што на список добиен од Центарот за социјална работа десетте најзагрозени мајки ги посетивме, за некои се потрудивме да најдеме вработувања, се потрудивме да го решиме нивниот горлив проблем и затоа инсистираме дека еднократната помош за нив не значи ништо. Веќе првавиме петиција на централно ниво за намалување на цената на струјата, посебно намалување за ранливите категории на луѓе. Идната заложба на охридските либерали ќе биде решавање на проблемите на жените вработени во текстилната индустрија. Блажески рече дека најголем процент на застапеност на жената има таму и дека мора да се издејствува повисока плата за нив, која ќе им обезбеди достоинствен живот.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top