Земјоделците од Охрид и Дебрца ги добиваат картичките за „зелена нафта“

Деновиве во просториите на Општина Дебрца во присуство на Градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески и Раководителот на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство – Подрачна единица Охрид Сашо Суклоски, вработените во подрачната единица на министерството започнаа со доделување на картичките за мерката „зелена нафта“ за земјоделците од подрачјето на општините Охрид и Дебрца.

 |   | 

Со оваа мерка се врши субвенционирање на 30% од трошоците за набавка на гориво. Со тоа се врши значително намалување на производствените трошоци , земјоделците имаат поекономично производство и остваруваат поголеми приходи. Оваа мерка е одговор на децениските проблеми на земјоделците со која се покажува вистинска грижа за земјоделството

Висината на поддршката за оваа мерка е различна во зависност од површината и видот на културата кои се одгледуваат. Најнискиот износ е 500 денари со кој се опфатени мали производители додека највисокиот износ е лимитиран на 100 илјади денари. Картички за „зелена нафта“ ке добијат сите земјоделци кои што имаат поднесено барање за субвенции во текот на 2018 година за мерките од растителното производство односно се производители на полјоделски и градинарски култури како и постоечки овошни и лозови насади. Крајниот рок за искористување на средствата од картичките е април 2020 година

На територијата на општините Охрид и Дебрца картички ке добијат 1024 земјоделци со вкупна вредност од 2.090.000,оо денари.
Картичките земјоделците ке можат да ги подигнат со лична карта во просториите на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство – подрачна единица Охрид секој работен ден во периодот од 07:30 до 15:30 часот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top