Во Охридскиот регион под закуп се издава државно земјоделско земјиште со површина од 59 хектари и 59 ари. Максималните површини кои може да се добијат со аплицирање од страна на еден понудувач изнесуваат до 10 хекатри.

Од подрчаната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопнаство информираат дека огласот за земјоделското земјиште заврши денес. На огласот се пријавиле 20 заинтересирани замјоделци кои од нивното одделение подигнале документација.
Станува збор за атрактивно земјиште кое се наоѓа покрај пат во близина на селата Мешеишта, Климештани,Издеглавје, Ботун, Оздолени, Слатино. Времетраењето на закупот за земјиште е од 15 до 30 години. Земјоделците ќе може да подигаат долгогодишни насади, лозја и овоштарници на 30 години.
Земјоделски култури ќе се одгледуваат на период од 15 години, а ливадите ќе се изнајмуваат на период од 15 години. Додека за изградба на рибници земјиштето ќе се изнајмува на период од 20 години, а за спортско рекреативни активности и руралниот туризам до 30 години.
Отварањето на понудите ќе биде за една недела.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град