Земјите членки на Европската унија ќе читаат за убавините на Охрид

Во специјална едиција на еден дневен весник од Словенија, неколку страници посветени на  Охрид.

 |  Татјана Маленкова  | 
dnevnik slovenski
дневник словенски

Во специјалната едиција на весникот ДНЕВНИК од Љубљана, неколку страници се посветени на нашиот град. „Сметаме дека ваквото претставување ќе приднесе за популаризација на Охрид како туристичка дестинација“, -велат од Локалната самоуправа.

Со овој артикал и земјите членки на Европската унија ќе читаат за убавините на Охрид. Во последното издание на весникот, на неколку страници има статија за Охрид и Македонија. Едицијата е посветена на земјите од Југоисточна Европа, а е испечатена во тираж од 105.000 примероци, од кои 75.000 на словенечки јазик, а 30.000 на германски и англиски.

dnevnikСтатијата за Охрид, како туристичка дестинација и дел од Македонија, ја изработи одделението за подршка на органите на Локалната самоуправа при општина Охрид.

Инаку, едицијата е иницијатива на весникот ДНЕВНИК и е посветена на Словенија и на нејзината улога во Еврпската унија, наспроти земјите кандидатки од Југоисточна Европа. Во овие едиции на весникот, кои се дистибуираат во амбасадите на земјите членки на Европската унија и во Советот на Европа, се обработуваат теми од земјите кандидатки за Европската унија, нивните стратегии, најголемите брендови од стопанството и вака привлечни дестинации како Охрид.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top