Работите на ул „Железничка“ отпочнаа. Во моментов се поставува атмосферската канализација.
По околу една година пауза АД „Илинден“ со својата механизација се стационира на овој потег. Раководниот инжинер на објектот, Горан Домазетоски вели дека добиле нова дозвола за изведба на ул. „Железничка“ потпишана од градоначалникот Александар Петрески. Таа се однесува за целосна градба на улицата за разлика од претходната дозвола каде имале право за изградба само на дел од истата.
Домазетоски вели дека со новото одобрение за градба отпочнати се повеќето активности, од кои приоритет се дава на првиот проект кој се однесува на атмосферската канализација.
И покрај комплетираната документација добиените тендери и дозволи за градба, од АД „Илинден“, стравуваат дека работите нема да одат подмачкано, бидејќи сеуште има спорни работи на терен кои се од имотно правен карактер. Се работи за рушење на куќи во непосредна близина на винарската визба и наспроти бензиската пумпа „Црна река“ кажаа од таму.
Дали е оправдано ова стравување на АД „Илинден“останува нејасно, бидејќи само пред два дена градоначалникот Петрески изјави дека имотно правните односи на овој потег се решени.
„Железничка е од потреба за Охрид и мора да се направи што побрзо. Јас не критикувам што министретвото за транспорт и врски сакаат да ја направат, туку забележувам што камен темелник се ставаше за време на избори“, рече Петрески.
„Убеден сум дека започнатите активноти ќе се реализираат до почетокот на туристичката сезона, затоа што за тоа има желба од сите страни”-додава градоначалникот.
Според АД „Илинден“ предвидено е атмосферската канализација да биде готова до крај на месец јуни, годинава.
После тоа следува вториот проект односно долго очекуваната изградба на „Железничка“ која треба да се уреди во должина од 2 400 метри. За неа предвиден е булеварски тек со жардињери помеѓу четирите коловозни ленти. Исто така во тој проект спаѓа и осветлувањето и уредување на странични тротоари. Додека се гради “Железничка” сообраќајот нема да биде прекинат во ниту еден момент велат од АД „Илинден“.
Исто така од таму потенцираат дека доколку нема пречки, работата ќе се одвива според одредената динамика и договор согласно тендерот и договорот со aгенцијата за патишта. Домазетоски вели дека ул „Железничка“, ќе добие еден мост еден пропуст и реконструкција на веќе постоечките. Инвестицијата би чинела некаде околу 70 милиони денари.
{loadposition content}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град