Здружението „Мозочен удар“ активно во услови на пандемија

Здружението за борба против мозочен удар ,,Мозочен удар,, согласно со препораките на светската организација за мозочен удар во изминативе месеци се вклучи со повеќе активности во мисијата да се подобри статистиката при оваа болест.

 |   | 

Пандемијата на Ковид 19 значајно се одразува на здравствената услуга која им се пружа на болните со мозочен удар.  Според светската организација за мозочен удар, која ги мониторира искуствата низ светот,  утврдено е значително  отежнување при пружање на здравствените  услуги поврзани со мозочните  удари,  што значи дека исходот на пациенти кај кои настанал мозочен удар, но без СОVID 19, може да биде полош отколку вообичаено. Оваа состојба е уште полоша во земјите во развој, каде ресурсите се веќе оскудни.

Во услови на пандемија на Ковид 19 приемот во болница и третманот на мозочните удари  е под закана , одложена е раната проценка на ризик факторите како и спроведување на  превентивни мерки, а намалени се и активностите поврзани со  рехабилитација на овие болни.  Причини  за тоа се  редистрибуција на здравствените ресурси и  мерките за управување со потенцијално заразени пациенти, но и стравот на болните од посета на здравствените установи поради можност за зараза со корона вирусот.  

Здружението за борба против мозочен удар ,,Мозочен удар,, согласно со препораките на светската организација за мозочен удар во изминативе месеци се вклучи со повеќе активности во мисијата да се подобри статистиката при оваа болест.

Во тек е проектот КВАЛИТЕТНО ЗДРАВСТВО Interreg -IPA CBC при што  континуирано се организираат  активности,   преку кои јавноста се информира за проблемите на болните од мозочен удар и при тоа се нудат практични  совети во однос на раното препознавање на знаците на мозочен удар како и потребата од брза реакција и упатување во соодветен центар, потребата од ран скрининг на ризикот кај оние кои имале мал мозочен удар,  но и поддршка на  болните во однос на  менаџирање на хроничните тегоби настанати по мозочен удар како спастицитет, болка, депресија , деменција и сл. 

Здружението ,,Мозочен удар,,  сите активности и ресурси како лабараториската опрема  и медицинското амбулантно возило  набавени во прекуграничниот проект  КВАЛИТЕТНО ЗДРАВСТВО Interreg -IPA CBC,  ги пренасочи според потребите на населението во југозападниот регион и се вклучи во транспорт на најранливите категории граѓани до здравствените институции. Преку ZOOM платформата здружението допре до повеќе од  200 лица  кои директно или индиректно се поврзани со мозочниот удар. Активистите на здружението постојано ја следеа состојбата на болните во регионот на југозападна Македонија а исто така , во неколку акции  подели и помош од храна и основни продукти на социјално загрозените.  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top