ЗДРУЖЕНИЕТО „МОБИЛНОСТ“ ОДБЕЛЕЖА 33 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ со традиционален собир и со пригодна свеченост одбележа 33 години од постоењето и делувањето во општините Охрид и Дебрца.

 |   | 

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ со традиционален собир и со пригодна свеченост одбележа 33 години од постоењето и делувањето во општините Охрид и Дебрца.

Свое обраќање пред присутните на настанот имаше секретарот на Општина Охрид, Александар Китески кој упати честитки за сите досегашни остварувања на здружението, со желби за уште поголеми успеси во иднина.

Локалната самоуправа во согласност со програмите и законските регулативи за социјална заштита, во континуитет реализира проекти и обезбедува подобри услови за лицата со телесен инвалидитет и лицата со посебни потреби во општината. Заради креирање на соодветни мерки за поддршка од исклучителна важност е соработката со граѓанските здруженија, кои работат на остварување на правата и интересите на оваа категорија граѓани. Едно од тие здруженија е здружението „Мобилност“ кое веќе 33 години се бори за решавање на сите прашања поврзани со лицата со телесен инвалидитет, за нивната економска, социјална, здравствена и правна заштита. Ваквите настани, како денешниот традиционален собир се една голема можност за воспоставување на подобра соработка, за презентација на позитивните практики и за посочување на проблеми, кои во иднина ќе можеме да ги решаваме заедно. Општина Охрид и понатаму ќе продолжи да биде отворена за соработка, да ги слушне потребите, да реализира проекти за подобрување на условите за лицата со телесен инвалидитет и да обезбеди поголема социјална правда и сигурност за нив и нивните семејства. Ќе продолжиме да работиме на отстранување на сите бариери на локално ниво за лицата со телесен инвалидитет и лицата со попреченост, како и за нивна целосна инклузија во општеството – истакна Китески во своето обраќање.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top