• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Здруженијата на пензионери од повеќе градови потпишаа меморандум за соработка и играа шах

Здруженијата на пензионери од повеќе градови потпишаа меморандум за соработка и играа шах

Здруженијата на пензионери од Охрид и Дебрца, Струга, Кичево, Ресен и Демир Хисар со турнир во шах се приклучија кон одбележувањето на големиот празник Свети Климент Охридски.

 |  Мишел Наумоски  | 
memorandum penzioneri
меморандум пензионери

Пензионерите од Охрид, Дебрца, Струга, Кичево, Ресен и Демир Хисар денес одржаа еден турнир во шах за мажи и жени.

sah turnirТие си ги одмеруваа силите во овој древен спорт во чест на големиот христијански празник, „Свети Климент Охридски-Чудотворец“. Учесниците на турнирот добија признанија, како и благодарници за здруженијата на пензионери за учество во турнирот, додека екипите за освоени први,  втори и трети места ќе добијат дипломи и пофалници. Воедно здруженијата на пензионери потпишаа и меморандум за меѓусебна соработка. Пензионерите денес беа посетени и од страна на заменик-градоначалникот на општина Охрид Ангел Јанев.

Тој беше запознаен за сите предизвици со кои се соочува оваа категорија на граѓани, и им вети продлабочување на соработката помеѓу локалната и здружението на пензионери од Охрид и Дебрца.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top