Претстојните празници внесоа радост во животот на пациентите на геријатриското одделениe.
Претстојните празници внесоа радост во животот на пациентите на геријатриското одделениe. Старите лица кои се сместени на ова одделение денес ги посетија од охридското здружение на пензионери. Тие им подарија скромни новогодишни подароци. Ѓорѓи Трпчевски, претседателот на Здружението на пензионери вели дека ова е нивна пракса години наназад, а целта е да им го разубават животот на овие пензионери.
Старите лица со песна и оро ги пречекаа гостите си помуабетија со нив и го искажаа задоволството од ваквите средби.
Геронтолошкото одделение моментално згрижува 27 пациенти. Раководителот на ова одделение Севим Селим вели дека условите со кои располагаат се добри но имаат потреба од поголем простор бидејќи бројот на пациентите постојано расте. Ваквите посети од страна на различни охридски здруженија Севим ги оценува како многу позитивни за нивните штитеници.
Геронтолошкото одделение е како едно големо семејство. Сите максимално се трудат да се направи што попријатна атмосвера за старите лица кои се одлучиле тука да го поминат остатокот од животот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град