Бебенцето на Свет, дојде рано утрово во 4.30 минути и е второ дете во семејството Илоски.
Бебенцето на Свет, дојде рано утрово во 4.30 минути и е второ дете во семејството Илоски. Првороденото охриѓанче во новата година денеска го даруваше Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески и посака добро здравје и среќа.
Ако машкото дете симболизира цврстина и бериќет, се очекува годинава што е пред нас да биде поздрава и побериќетна од минатата. Дежурниот тим на Гинеколошкото одделение во Охрид со желби за добро здравје и зголемување на наталитетот во Охрид ја дочека 2021 година. Во првиот ден од новата година тие донесоа на свет две бебиња.
” Како гинеколог акушер посакувам бериќетна, весела и многудетна година, да се зголеми наталитетот во нашиот град и новиот детски плач и џагор да се слуша во што повеќе домови. Годината во нашето одделение започна одлично, со две новородени досега и сите посакуваме таа бројка да достигне што повисоко“,вели д-р Горан Маркоски дежурен гинеколог на Гинеколошкото одделение во Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град