Здрави совети и здрава храна денес се делеа во Охрид

Од Центарот за јавно здравје од Охрид денес делеа овошје и здрави совети на граѓаните, а како продолжение на одбележувањето на Светскиот ден на срцето.

 |  Мишел Наумоски  | 
pritisok
притисок

Охриѓани треба особено да внимаваат на начинот на исхрана, на зголемување на нивната физичка активност и добрата едукација за здравјето на срцето. Според статистиките на Центарот за јавно здравје од Охрид, 65 проценти од смртните случаи во градов се како последица на некакво кардиоваскуларно заболување. Со овие бројки, охриѓани се наоѓаат над државниот просек.

den na srcetoДенес, Центарот за јавно здравје го продолжи одбележувањето на Светскиот ден на срцето.

„Како увид во однос на кардиоваскуларните заболувања најголем број, односно со најголем процент се застапени меѓу постарите, но не се исклучени ниту помладите, така да мора да се почне со внимавање на сите овие совети кои што ги даваме уште од најмала возраст затоа што се намалува и возрасната граница.“-вели д-р Соња Цветаноска од Центарот за јавно здравје од Охрид.

Денес во рамките на продолжението од одбележувањето на Светскиот ден на срцето, екипата од Центарот за јавно здравје, на охриѓани им делеше вкусно и здраво овошје, но и здрави совети.

merenje pritisok„Најчесто за крвниот притисок, како треба да се однесуваат во однос на тоа, редовно да се прима редовната терапија препишана од кардиолог интернист и да се има што поголема физичка активност и да се јаде здрава храна со помалку маснотии. Што повеќе здрава храна, овошје и зеленчук да се јаде и да се внимава на физичката активност, да не се внесуваат многу маснотии.“-рече д-р Цветаноска.

Годинава кампањата по повод Светскиот ден на срцето се води според мотото „Здравје во срцето“. Застрашувачките бројки за кардиоваскуларните заболувања говорат дека на годишно ниво во светот 17,3 милиони умираат како последица на овој тип на заболувања.

На ниво на Македонија 57 % од смртноста отпаѓа на кардиоваскуларните заболувања, додека во Охрид оваа бројка е уште пострашна со 65 проценти смртни случаи како последица на овие заболувања. Зголемен крвен притисок, прекумерна тежина, високо ниво на холестерол во крвта, пушење, недоволна физичка активност и дијабет се само дел од ризик факторите кои причинуваат некаков вид на кардиоваскуларни заболувања.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top